Том бил мало момче на кое учењето тешко му одело, но сепак никој во класот неможел да го постигне успехот што тој го имал. Тој никогаш не ги пропуштал часовите по географија, македонски, математика, и секогаш совршено ги завршувал домашните задачи. Никој не напредувал толку добро како него. Момчињата понекогаш му се лутеле и му велеле: „Како успеваш сѐ да научиш и да знаеш повеќе од нас кога сите го слушаме истото на часовите?“

Тој им одговорил дека станува рано наутро и учи два часа пред појадокот.

Тие одговориле: „Значи таму е скриено златото – во утринските часови.“

***

Има една мала градина блиску до нас каде што има најубави плодови во целото соседство. Во неа најбрзо и најубаво успеаваат јагоди, домати, грашок, ротквици и слично. Освен што го обезбедува семејството со зеленчук и овошје, тие нешто од тоа и продаваат.

Ако некој сака цвеќиња, таа градина е местото каде можат да се најдат најубавите рози и цвеќиња од сите видови, а ги има безброј.

Сите мислевме дека почвата која ја користиме е безплодна и карпеста. Сите се зачудени од успешноста на оваа градина и затоа решивме да го запрашаме сопственикот на градината како успева да добие толку многу плодови од толку мала градина, знаејќи дека преку целиот ден тој е на работа и е зафатен.

А тој ни одговори дека станува рано наутро и ја обработува почвата најдобро што може пред да тргне на работа. Тоа било полезно и за градината и за него како утринска гимнастика.

Во утринските часови тој го пронашол златото.

***

Вилијам било момче кое живеело во средина каде што владеело насилство и имало многу негативни влијанија од сите страни. Но тој во ниту еден момент не се одесувал насилно, ниту пак дозволил средината да влијае на неговиот карактер. Луѓето биле заинтересирани да дознаат, како останува цврст, понизен и кроток во насилната средина каде што живее. Тој им одговорил:

„Јас никогаш не пропуштам ниту едно утро да помине без молитва и читање на Библијата. Ако имам сериозни искушенија, или проблеми, тој ден станувам еден час порано, размислувам за моите слаби точки и барам од Бога да ми помогне.“

Молитвата е оружје за битката на животот, ако се откажете од утринските молитви и заедницата со Бога, вие ќе страдате поради тоа, искушението ќе биде пред вас, а вие нема да бидте подготвени да му се спротиставите. Потоа ќе чуствувате вина во себе и ќе се држите подалеку од Христа. Направете утринската молитва да биде ваш принцип, бидејќи во утринските часови може да го откриете златото.

 

3 Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.
(Псалм 5:3 ; Библија)

147 Ја престигнав зората и се молам за помош, се надевам на Твоите зборови.
(Псалм 119:147 ; Библија)

2 Господи, смилувај ни се, во Тебе се надеваме! Биди наша помош секое утро, наше спасение во секоја неволја.
(Исаија 33:2 ; Библија)

16 Јас, пак, со песна ќе ја славам Твојата сила и од рани зори ќе се зарадувам со Твојата милост, бидејќи Ти ми беше закрила и прибежиште во денот на мојата несреќа.
17 Сило моја, Тебе Ти пеам, зашто Ти си закрила, Боже мој, милост моја.
(Псалм 59:17 ; Библија)

16 Радувајте се секогаш! 17 Молете постојано! 18 Благодарете за сè, зашто тоа е Божја волја за вас во Христа Исуса!
(1-во Солунјаните 5:16-18 ; Библија)

8 Соопшти ми ја наутро милоста Твоја, зашто во Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја издигам душата своја.
(Псалм 143:8 ; Библија)

Pin It on Pinterest