Едно младо момче по име Герхард било овчарче и добар пријател. Тоа било многу сиромашно момче. Еден ден додека го пасело стадото овци кое му било доверено, еден ловец излегол од долината пред шумата, и се упатил кон ова младо момче овчарче. Кога се приближил до него го запрашал: „Колку далеку е до најблиското село?“
– „Десет километри, господине“, – одговорило момчето, – „но патот може многу лесно да се промаши.“
Ловецот погледнал низ рамнината и рекол: „Јас сум премногу гладен и жеден, ги изгубив и моите пријатели, остави ги твоите овци и покажи ми го патот, добро ќе те платам за тоа.“
„Неможам да ги оставам моите овци господине“, – одговорило момчето.
„Тие може да застранат во шумата и може да бидат изедени од волци или украдени од крадци“, – продолжило понатаму.
„Но, зошто се грижиш за овците?“ – го запрашал ловецот. „Тие не се твои овци, загубата би била на твојот господар, а јас ќе ти дадам повеќе отколку што заработуваш за една година.“
„Неможам да дојдам господине“, – повторил Герхард понизно.
„Мојот Господар ме плаќа за моето време и ми ги довери неговите овци, ако јас го продадам моето време кое не ми припаѓа мене и овците се изгубат, тоа би било исто како да сум ги украл“, – се обидувал да објасни.
„Тогаш“, – рекол ловецот – „дали ќе ми ги довериш своите овци мене, а ти да отидеш во селото и да земеш малку храна, вода и водич? Јас ќе се погрижам за нив наместо тебе.“
Момчето одмавнало со главата: „Овците не го познаваат вашиот глас и…“, – Герхард престанал да зборува.
„И што? Неможеш да ми веруваш? Дали ти личам како нечесен човек?“ – прашал налутено ловецот.
„Господине“, – одговорило момчето, – „вие се обидувате да ме натерате да ја изневерам довербата и да го прекршам зборот кој го дадов на мојот господар, како да знам дека вие ќе го одржите својот збор кон мене?“
Ловецот се насмеал затоа што сфатил дека момчето го довел во тесно. Тој рекол: „Гледам дека си добро и верно момче, нема да те заборавам. Покажи ми го патот, јас ќе се обидам самиот да се снајдам.“
Герхард потоа ја понудил храната која ја имал во својата торба на овој гладен човек, кој ја изел со задоволство.
Веднаш потоа дошле неговите придружници и Герхард на негово изнендување открил дека ловецот бил голем земјопоседник кој ја поседувал целата земја.
Земјопоседникот бил задоволен со чесноста на ова момче и затоа кратко потоа го побарал кај себеси и го платил неговото образование. Во годините што минувале Герхард станал голем и моќен човек, но си ја задржал искреноста и чесноста до последниот ден.
Библиски стихови:
21 Тогаш неговиот господар му рече: ‘Добро, сакан и верен слуго! Си бил верен во малку, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар!’
(Матеј 25:21 ; Библија)
10 Кој е верен во најмалото – верен е и во многу; а несправедливиот во најмалото, несправедлив е и во многу.
(Лука 16:10 ; Библија)