Подготовка за брак
Една од најголемите одлуки кои треба да ги донесете во својот живот е одлуката за кого да се венчате. Вашиот брак ќе ве поврзе со друго човечко суштество, така што повеќе нема да бидете две, туку едно тело. Вашиот брак ќе го одреди таткото/мајката на вашите идни деца. Таа личност може да ви донесе доживотна радост или доживотна мака, може да ве приближи или да ве оддалечи од Бога.
Прашањето не е, колку ќе бидеме возбудени од венчавката која ќе ја подготвуваме или колку другите очекуваат од мене да се венчам, туку вистинското прашање е: „Дали сме подготвени да се грижиме, да се жртвуваме, и да се сакаме еден со друг и во добрите и во лошите времиња?“ „Дали веруваме дека би го прославиле Бога повеќе како пар отколку како индивидуи?“ „Дали навистина сме подготвени за ’ЗАСЕКОГАШ’?“
Многу луѓе се несреќно венчани бидејќи не си ги поставиле овие важни прашања. Наместо трезвено да ги анализирааат нивните врски, тие се понесени од возбудата на моментот. Ја игнорирале реалноста кога биле во врска, а потоа остатокот од бракот го поминуваат во фрустрации и поплаки.
Времето за врска е време кога треба да бидеме најмногу будни, со очите широко отворени. Тоа значи дека пред да го кажеме судбоносното „ДА“, мораме разумно и чесно да се преиспитаме себе си, другата личност и нашата заедничка врска.
1. Какво треба да биде додворувањето?
Прашањата со кои најчесто се борат христијаните се: „Како да дојдете до некого доволно блиску за да донесете одлука за брак без да се украдат привилегиите кои се за во бракот? Како да ја пронајдете љубовта на вашиот живот без да оставите траги на скршени срца и скршени ветувања позади вас на патот до олтарот?“
2. Потребно ви е повеќе од само интензивни чувства
Никој не планира однапред да се заљуби. Кој од нас може конкретно да ја опише мистериознста на привлечноста кон некоја личност?
Вљубувањето всушност е Божја идеја. Бог е Оној кој нè создал да може да имаме романтични чувства. Тој е Оној кој ни овозможил да ја почитуваме убавината и да почувствуваме привлечност. Тој е Оној кој го осмислил бракот за оганот на романтичната љубов да стане нешто уште попрекрасно – завет на љубовта. Зошто го направил тоа?
3. Со мудроста до безбедна романтична врска
Постојат три начини на кои мудроста нè води и нè чува во безбедна романтична врска.
1. Романсата вели „Сакам сега!“ Мудроста повикува на трпение.
2. Романсата вели „Ова е тоа што го сакам и е добро за мене.“ Мудроста нè води да размислиме што е најдобро за другата личност.
3. Романсата вели: „Уживај во фантазијата“. Мудроста нè повикува да ја засноваме нашата перцепција на реалноста.
4. Разумна романса
Во периодот на врска ние мораме да се бориме со тенденцијата да го исполниме она што недостасува во нашето знаење за другата личност. Мораме нашите емоции засновани на фантазија, да ги замениме со емоции кои се засновани на реалноста. Ако не знаеме нешто за него или за неа, треба да зборуваме, да поставуваме прашања, и да откриеме кои се тие навистина – нивните вредности, нивните мотивации, нивните цели…
Серијалот продолжува
Останатите статии од овој серијал наскоро ќе бидат објавени…