5-те јазици на љубовта

Дали зборувате на истиот јазик на љубовта со кој зборува вашиот брачен партнер?

Ако љубовта ја изразувате на начин кој вашиот/та сопруг/а не го разбира, тој/таа нема ниту да сфати дека сте му/ѝ изразиле љубов. Проблемот е во тоа што секој од нас на различен начин ги пренесува пораките на љубовта и во тоа што секој од нас на различен начин ги прима и разбира.

Можеби вашиот сопруг од вас сака да слушне некој збор на охрабрување и пофалба, а вие мислите дека ќе го орасположите со вкусно зготвена вечера. Па ако после вечерата останува нерасположен и намуртен, можеби ќе помислите дека не ве сака. Или можеби вашата сопруга сака да помине некое квалитетно, посветено време со вас, далеку од децата и телевизорот, па така, цвеќето кое сте ѝ го донеле не остава никаков впечаток на нејзе, едноставно не ѝ кажува дека ви е дојдено до нејзе, дека ја сакате.

Затоа, крајно време е, доколку сакате да ја сочувате и распламтите љубовта во својот брак, да откриете со кој јазик на љубовта зборува вашиот/та сопруг/а и на тој негов/незјин примарен јазик да му/ѝ се обратите. Одвојуваме пет примарни јазици на љубовта кои се надеваме ќе ви помогнат својот брак да го претворите во она што од самиот почеток е замислен да биде – преддворје на небото овде на земјата; вашиот брак да биде островот на љубовта, разбирањето и среќата.

1. Што се случува со вашата љубов по венчавката
Желбата за романтична љубов во бракот длабоко е вкоренета во нашата природа, во нашата психологија.
Поради тоа, илјадници брачни парови си ги поставуваат истите прашања:
– Што се случува со љубовта после склучувањето на бракот?
– Зошто љубовта се лади?
Па така, многумина или се раздвојуваат, или пак учат да живеат во атмосфера на емоционална празнина.
Може ли љубовта во бракот да остане жива, и ако може на кој начин?

Продолжете со читање

2. Наполнете го резервоарот на љубовта
Љубовта е најважниот збор на секој јазик, но истовремено и најмногу нѐ збунува. И секуларните и религиозните мислители сметаат дека љубовта има центрлна улога во нашиот живот. Кажано е дека „љубовта е најпрекрасното искуство на светот“ и дека „љубовта го покренува светот“.
Илјадници книги, списанија и филмови се занимаваат со поимот „љубов“. Многубројни филозофски и теолошки системи ја ставаат љубовта на прво место….

Продолжете со читање

3. Феноменот на заљубување
Повеќето од нас влегуваат во брак во фаза на заљубеност. Среќаваме некого чиишто физички карактеристики и личност упатуваат доволно силен електричен шок за да го поттикнат нашиот „љубовен аларм“.  Ѕвончето заѕвонува и се фрламе на запознавање на таа личност. Првиот чекор може да биде одење во ресторан, но ние секако не сме заинтересирани за храната. Ние всушност сме тргнале во потрага за љубов. Се прашуваме дали тоа треперливо жешко чувство во нас е она вистинското….

Продолжете со читање

Серијалот продолжува
Останатите статии од овој серијал наскоро ќе бидат објавени…

Pin It on Pinterest