Библиски стих на денот

23 Што и да правите, правете го од душата како за Господа, а не за луѓе, 24 знаејќи дека од Господа ќе ја примите наградата на наследството. Служете Му на Господа Христа!
(Колосјаните 3:23.24 ; Библија)

Мојот живот денес

2 мај – ЧОВЕКОТ СОЗДАДЕН ПО БОЖЈИ ЛИК
(1 и 2 мај: Совршено здравје)

„И Бог рече: ‘Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност.’“ (Битие 1:26; Библија)

Човекот бил завршен и врвен чин на Божјото создавање, создаден по Божји лик, со цел во сè да биде верна слика на својот Творец. Човекот на Бога му бил многу драг, затоа што го создал по Сопствениот лик.

Кога излегол од рацете на својот Творец, Адам бил со благородна висина и со совршени размери. Тој бил повеќе од двојно повисок од луѓето кои денес живеат на земјата, а бил и развиен сразмерно на таквата висина…

Библиско поглавје на денот

Псалм 91

1 Ти, Кој живееш под покрив на Сèвишниот, што се одморуваш во сенката на Сèдржителот, 2 речи му на Господа: „Прибежиште мое! Тврдино моја! Боже мој, на Кого се надевам!” 3 Зашто Тој ќе те ослободи од примката на ловецот, од гибелниот помор. 4 Ќе те заштити со Своите крила, и ќе се засолниш под Неговите крила. Неговата вистина е штит и закрила! 5 Не ќе се боиш од ноќен страв, ниту од стрелата што лета дење, 6 ни од поморот, што се поткрадува во темнина, ни од гибелта што опустува напладне. 7 И нека паѓаат илјади покрај тебе, десетици илјади до Твојата десница, но до тебе нема да се приближи! 8 Само штом погледнеш со окото, веќе ќе ја видиш платата на грешниците. 9 Зашто Господ е твое засолниште, го избра Сèвишниот за своја закрила. 10 Нема да те најде несреќата, неволјата нема да се приближи до твојот шатор. 11 Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта. 12 Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен. 13 Со ногата ќе газиш лав и лутица, ќе ги згазиш лавчето и змијата. 14 Ќе го избавам зашто ме љуби, ќе го закрилам зашто Го познава Моето име. 15 Ќе Ме повика, а Јас ќе го услишам, со него ќе бидам во неволја, ќе го спасам и ќе го прославам. 16 Ќе го наситам со многу денови, ќе му го покажам Моето спасение.


Наша препорака е да се читаат барем по неколку поглавја дневно од Библијата, по ваш сопствен избор. Доколку сè уште не сте почнале да ја читате Библијата плански – ви предложуваме тоа да го почнете уште денес. Кликнете овде за да го изберете планот кој вам најмногу би ви одговарал.

Видео на денот

Бог во парница

Песна на денот

Кликнете тука за текстот на песната

My Redeemer is Faithful and True – Christian Berdahl

As I look back on the road I’ve travelled,
I see so many times He carried me through;
And if there’s one thing that I’ve learned in my life,
My Redeemer is faithful and true.
My Redeemer is faithful and true.

My Redeemer is faithful and true.
Everything He has said He will do,
And every morning His mercies are new.
My Redeemer is faithful and true.

My heart rejoices when I read the promise
‘There is a place I am preparing for you.’
I know someday I’ll see my Lord face to face,
‘Cause my Redeemer is faithful and true.
My Redeemer is faithful and true.

My Redeemer is faithful and true.
Everything He has said He will do,
And every morning His mercies are new.
My Redeemer is faithful and true.

And in every situation He has proved His love to me;
When I lack the understanding, He gives more grace to me.

My Redeemer is faithful and true.
Everything He has said He will do,
And every morning His mercies are new.
My Redeemer is faithful and true.

Цитат на денот

Христос дошол да ги искине од душата оковите на ропството на гревот.

Мој Исус, мој Господ

Врз него (Исус), кој ја оставил својата слава и ги прифатил слабостите на човечкиот род, мора да лежи товарот за откуп на светот. Тој сето тоа го видел и го чувствувал, но неговата цел останала непоколеблива. Од неговото тело зависело спасението на паднатиот род и Тој ја подал својата рака за да ја дофати раката на семожната Љубов.

Благодат врз благодат

10. Што обратувањето прави, а што не прави?

„… кои служиме со Божјиот Дух и се фалиме во Христа Исуса, а не се надеваме во телото“ (Филипјаните 3:3 ; Библија)

Обратувањето не става ново тело на стариот дух, туку нов Дух во старото тело. Обратувањето нема за цел да донесе ново тело на стариот ум, туку нов ум на старото тело.

Избавувањето и победата не се постигнуваат со отстранувањето на човечката природа, туку преку примање на божествената природа за да ја покори и има власт над човечката природа…

Денешни молитвени предлози

Чучер-Сандево

Да се молиме за сите луѓе кои живеат во општина Чучер-Сандево, за да не ја одбиваат Божјата благодат и да се обратат кон Вистината.

Утринско проучување и молитва

Да се молиме на Бог да ни помогне да се будиме порано наутро за да поминуваме време во читање на Божјото слово – Библијата и да се посветуваме на Бога во молитва. Да ни помогне да ја отфрлиме летаргијата и да бидеме доследни во таа одлука, со Божја сила.

„Со душата своја се стремиме кон Тебе ноќе, и со духот свој ќе Те бараме искрено од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда.“
(Исаија 26:9 ; Библија)

„Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.“
(Псалм 5:3 ; Библија)

Благодарност

Да благодариме бидејќи независно од околностите и од препреките со кои се соочуваме, секогаш можеме да имаме мир во Исус.

„Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Имате неволја во светот; но бидете храбри – Јас го победив светот.”
(Јован 16:33 ; БИблија

Божји созданија

 

Копнежот на вековите

КОПНЕЖОТ НА ВЕКОВИТЕ – 2 мај – „Ние го најдовме Месија“ (петти дел)

…Никој не ќе ја осознае спасоносната вистина сè додека прифаќа водство на кој и да е човечки авторитет. Како и на Натанаила, и нам ни е потребно да ја проучуваме Божјата реч лично за себе и да се молиме за просветлување со Светиот Дух. Оној што го видел Натанаила под смоквата, ќе нè види и нас на нашето тајно место на молитва. Ангелите од светот на светлината се крај оние кои со понизност бараат божествено водство…

УБАВИНАТА НА ПОНИЗНОСТА

Горделивите луѓе полни со самите себеси прават сè за да докажат дека се во право дури и тогаш кога грешат.

Понизните и несебични луѓе се волни да се откажат од „правото да бидат во право“ во одредени ситуации, дури и кога навистина се во право, бидејќи ним им е многу поважно да бидат праведни пред Бог, отколку да бидат во право пред луѓето.

17 Зашто е подобро, ако сака Божјата волја, да страдате правејќи добро, отколку правејќи зло.
(1 Петрово 3:17 ; Библија)

ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ НА ДЕНОТ

ПРОГОЛТУВАЧОТ

ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Најмалото животно во светот, исто така, има најголем апетит – глувче како ровчиците (или ријачки). Еден вид во северна Европа, наречен „најмала“ ровчица, која е ретко подолга од еден сантиметар, може да ја потроши еквиваленцијата на сопствената тежина на секои три часа. Всушност, апетитот на ровчицата е толку незаситен, и нејзиниот метаболизам е толку брз, што ако не јадат на секои два часа, може да умрат од глад…

Комплетно здравје

Последиците од пиењето алкохол

Алкохолот е една од најшироко распространетите дроги во светот, која предизвикува зависност… Еден од четири смртни случаи кај Европејците на возраст под 30 години е поврзан со алкохол, а во некои делови од Источна Европа, ситуацијата е полоша па од алкохолот страда еден човек на секои тројца. Во САД алкохолот е трета водечка причина за смрт.

Божјите ветувања

10 И чув силен глас во небото како зборува: „Сега дојде спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Помазаник, зашто е отфрлен обвинителот на нашите браќа, кој ги обвинуваше пред нашиот Бог, дење и ноќе.
(Откровение 12:10 ; Библија)

Големата Борба

...Но Бог сака на земјата да има народ кој Библијата ќе ја истакнува како единствено мерило за секое учење и како темел за секоја реформа...

ГОЛЕМАТА БОРБА – Првата голема измама (четврти дел)

…Кога би било вистина дека душите на сите луѓе во мигот на смртта веднаш заминуваат на небото, тогаш ние побргу би посакале смрт отколку живот. Мнозина, заведени со ова верување, му ставиле крај на својот живот. Кога ќе ги совладаат грижи, тешкотии и разочарувања, им се чини полесно да ја прекинат слабата нишка на животот и да се вивнат во милината на вечниот свет…

ВРЕМЕТО И ЗНАЦИТЕ

Ви ја препорачуваме книгата „Времето и знаците“ за дополнително лично проучување

Pin It on Pinterest