Постои ли некоја духовна причина за нашите проблеми?
Дали тоа е недостаток на Светиот Дух?

Причини за недостаток

Одговорот на Библијата е: „Сакате и немате […] Немате, зашто не молите. Барате, но не добивате, зашто барате погрешно, за да го трошите во вашите страсни желби.“ (Јаков 4:2.3; Библија) „Зашто, кои се по телото, мислат за телото, додека оние, по Духот, мислат за нештата на Духот. Бидејќи мудрувањето на телото, е смрт; а мудрувањето на Духот: живот и мир; зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот Закон, ниту пак може.“ (Римјаните 8:5-7; Библија) Нашиот Господ Исус ревносно и со љубов нѐ повикал да се молиме за Светиот Дух. „И Јас ви велам: ‘Молете, и ќе ви се даде! Барајте, и ќе најдете! Чукајте, и ќе ви се отвори! Зашто секој, кој моли – прима; и кој бара – наоѓа; а на оној, кој чука – ќе му се отвори. И кој е оној татко, меѓу вас, кој ќе му даде на сина си камен – ако побара леб? Или, ако побара риба, да му даде место риба – змија? Или ако побара јајце – да му даде скорпија? И така, ако вие, кои сте зли, можете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе небесниот Татко ќе им даде Свети Дух на оние, кои Го молат?’“ (Лука 11:9-13; Библија) И ние сфаќаме дека тоа мораме да го правиме постојано. Во третата глава ќе го разгледаме ова поблиску.

„Многумина зборуваат за Христос и за Светиот Дух, но од тоа немаат никаква корист (не примаат благослови, заб. преведувач). Тие не ја покоруваат својата душа (не ја отвараат за делување, заб. преведувач) на божествените сили да ја водат и да управуваат со неа.“ [Елена Вајт, „Копнежот на вековите“.]

Како црква, ние се молиме за пробудување веќе некое време и тоа е многу драгоцено. Е.Г. Вајт напишала: „Она што им е неопходно на црквите денес е исполнување (крштевање) со Светиот Дух.“ [Ellen G. White, Manuscript Releases Vol. 7 (www.egwwritings.org), 267.]

„Зошто не сме жедни и гладни за дарот на Светиот Дух иако преку Него добиваме сила? Зошто не зборуваме за тоа, не се молиме за тоа и не проповедаме за тоа?“ [Елена Вајт, „Сведоштва за црквата 8“.]

Но, не се работи само за тоа да се молиме за пробудување, туку, како што има напишано Марк Финли, и за тоа „да ги спроведуваме на дело библиските елементи на пробудување“. [Марк Финли, „Пробуди нè повторно“.]

Може ли крајно сериозно да те повикам да појдеш по чекорите кон лично пробудување? Тоа многумина ќе ги води во силен и исполнет живот.

Најпрво темелно ќе го анализираме проблемот, инаку постои опасност промената да не ја сметаме за важна, ниту за неопходна, а ниту за драгоцена. После тоа ќе го проучуваме Божјото решение, кое ни нуди величествени благослови, и на крајот ќе разгледаме како можеме да ги спроведеме во животот.

Нашиот недостаток на Светиот Дух не значи дека сè што сме направиле и што правиме е залудно. Имало и порано, а има и сега, многу добри планови и програми за работа. Господ сигурно ги благословил нашите човечки напори. Но, колку поголеми резултати и колку подобра ситуација би можело да биде, кога воопшто или изразито би живееле водени од Светиот Дух – само Бог го знае тоа.

Веројатно би одело до сега, но и во иднината, во насока која ја формулирал Хенри Т. Блекеби: „Тој (Бог) би постигнал повеќе за шест месеци со народ кој Му е предаден, отколку што ние без Него би можеле да постигнеме за 60 години.“ [Henry T. Blackaby, Experiencing God.]

Се работи за тоа веднаш да се оди на вистинскиот пат под Божјото водство и со тоа во делувањето се постигнува многу поголем ефект. А тоа е случај само ако сме исполнети со Светиот Дух.

Пример: Некој држи проповед. Тој проповеда и можеби никој, или неколку, или многумина или сите ќе ја прифатат пораката. Ако многумина или сите ја прифатат пораката и ја спроведат во пракса, тогаш ова е голем ефект. Ова е нешто што Светиот Дух го дава.

 

Три групи на луѓе и нивниот личен однос со Бог

Божјата реч разликува три групи на луѓе според нивниот личен однос со Бог. Сепак, внатре во секоја од овие групи постојат многу нијанси врз основа на воспитување, карактер, (само)образование, старосна граница, култура итн. Но и покрај сите тие разлики постојат само три можни основни ставови кон Бога:

– Оние кои немаат врска (однос, заедница) со Бога – Библијата таквите луѓе ги нарекува природни луѓе.

– Целосна, вистинска врска – Библијата таквите луѓе ги нарекува духовни.

– Поделена или привидна врска – Библијата таквите луѓе ги нарекува телесни.

Термините „природни“, „духовни“ и „телесни“ не се оценување по Светото Писмо, тие само го опишуваат личниот однос на личноста кон Бога.

Овие три групи во Библијата се опишани во 1-во Коринтјаните 2:14-16 и во 1-во Коринтјаните 3:1-4. Овде ќе спомнеме само малку за т.н. природни луѓе. Овие луѓе живеат во светот. Дури и краткок поглед на двете групи внатре во црквата ни помага да препознаеме каде се крие главниот проблем. Притоа, најважно е да препознаете во која група припаѓате вие. Нашето проучување е исто така важна помош за самодијагноза. Притоа, ние не сакаме да го набљудуваме животот на другите, туку сопствениот.

По кои критериуми може некој да се означи во една или друга група? Ќе установиме дека кај сите три групи означувањето произлегува од нивниот личен однос кон Светиот Дух.

 

Природен човек

„А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, зашто тоа е безумство за него, и не може да сознае, зашто за тоа треба да расудува на духовен начин.“ (1-во Коринтјаните 2:14; Библија) Природниот човек воопшто нема никаква врска со Светиот Дух. Тој живее во светот и воопшто не прашува за Бога или едвај да се интересира за Бога.

 

Духовните и телесните луѓе се во црквата

Овие две групи претежно се претставени во 1-во Коринтјаните во 2-ра и 3-та глава, како и во Римјаните 8:1-17 и Галатјаните во 4-та и 6-та глава. Потребно е да напоменеме дека критериумот и за овие две групи е нивната врска со Светиот Дух. Тоа е така бидејќи според Божјиот план Светиот Дух е наша единствена врска со небото. („Копнежот на вековите, стр. 322; Матеј 12:32; Библија)

„Срцето пред сè мора да биде отворено за делувањето на Светиот Дух пред да може воопшто да прима Божји благослови.“ [Ellen G. White, Leuchtende Spuren (Hamburg, 1959), 69.]

 

Духовниот член на црквата

Да го прочитаме текстот од Библијата во 1-во Коринтјаните 2:15.16: „Духовниот човек пак испитува сè, а него никој не го испитува, зашто: ‘Кој го познава Господовиот ум, за да го поучи?’ (Исаија 40:13) А ние го имаме Христовиот ум.“
„Духовниот, пак, човек испитува сè, а него никој не може да го испитува. Зашто, кој го спознал умот Господов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.“

Духовниот човек е вистински христијанин. Тој се нарекува „духовен“ бидејќи е исполнет со Светиот Дух. Овде исто така, односот со Светиот Дух е критериум за означување како духовна личност. На оваа личност Исус ѝ е во центарот на животот; ние понекогаш велиме: Исус е „на престолот на срцето“.  Духовниот човек одлучно и потполно се предал на Исуса, и по правило тоа предавање секојдневно го потврдува со тоа што секое утро се посветува на Исуса Христа, и тоа со сè што е и со сè што има. Во пораката за Лаодикија тој се нарекува „врел“, а во параболата за десетте девојки се нарекува „мудар“. Римјаните 8:1-17 и Галатјаните 5-та глава детално го опишуваат тоа. Тој има „живот во полнота“ (Јован 10:10) или како што Павле рекол: „Да се исполните во целата Божја полнота.“ (Ефесјаните 3:19 и Колосјаните 2:9; Библија)

 

Телесен член на црквата

Некој може да биде телесен, сеедно дали е малку или веќе долго време член на црквата. Ако на свое изненадување препознаете дека во моментов сè уште сте телесен христијанин, немојте да се грижите за тоа, туку, напротив, радувајте се, бидејќи имате можност таа состојба веднаш да ја промените. Јас сум убеден дека најголемиот број на телесни христијани се такви од незнаење, и дека копнеат да постигнат повеќе во верата. Притоа, за тоа незнаење, обично, не мора да бидат самите виновни. Размислете: Со Христос во срцето преку Светиот Дух ќе доживеете голема радост. („и вашата радост да биде полна“ – Исус Христос – Јован 15:11; Библија) Преку оваа промена чекор по чекор ќе доживеете „живот во изобилие“ (Јован 10:10; подоцна за ова ќе биде повеќе кажано) и ќе имате втемелена надеж во вечниот живот.

Молитва: „Татко небесен, дај ми да имам волја, себеси да си го поставам ова прашање. Ако сум телесен христијанин, тогаш од срце Те молам дај ми мудрост тоа веднаш да го препознаам. Направи ме да бидам волен и да бидам подготвен да прифатам сè што Ти сакаш. Те молам води ме кон среќен христијански живот, кон живот во полнота и кон вечен живот кој си го ветил. Те молам обнови го моето срце. Ти благодарам за услишената молитва. Амин!“

Во 1-во Коринтјаните 3:1-4 се наоѓа пораката на апостол Павле до телесните членови на црквата: „И јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, но како на телесни, како на младенци во Христа. Со млеко ве напоив, не со тврда храна, зашто уште не можевте да ја поднесувате. А ни сега не можете, зашто сте уште телесни. Не сте ли телесни и не живеете ли како обичните луѓе, штом меѓу вас има завист, спорови и поделба? Не сте ли телесни, имено, кога еден зборува: ‘Јас сум Павлов’, а друг: ‘Јас сум Аполосов?’“

Зарем не забележуваме и овде јасно дека критериумот за одредување на припадноста во една од групите е личниот однос кон Светиот Дух? Апостол Павле во овие неколку стихови четири пати пишува дека верниците на коринтската црква се телесни. Што значи да се биде телесен? Се мисли на тоа дека таквиот човек живее од телесната сила т.е. од нормалните сили и способности, кои ги поседува секој човек. Покрај тоа, тоа значи дека не е исполнет со Свети Дух или барем не е доволно.

Некои мислат, оваа група се состои само од луѓе, кои живеат во големи гревови. Но тоа е само една од многуте нијанси внатре во групата. Сакам уште еднаш да нагласам дека во секоја група постојат многу разлики.

Павле ги нарекува „браќа“ телесните луѓе. Тоа ни покажува дека овде се работи за членовите на црквата. Павле не можел со нив „да зборува како со духовни“. Тоа значи дека тие не се доволно или воопшто не се исполнети со Светиот Дух. Тој морал да разговара со нив „како со мали деца во Христа“. Тоа покажува дека тие не пораснале во верата онолку колку што е потребно. Некој може многу добро да ја познава Библијата, а да не е духовно пораснат. Духовниот раст зависи од нашето потполно предавање на Исуса и постојан живот со Светиот Дух. Голема Павлова желба била да го отстрани проблемот на телесните христијани во коринтската црква.

Во својот верски живот некои телесни христијани чувствуваат незадоволство, разочарување, бесцелност или се под постојан напор во нивниот духовен живот.

Други телесни членови на црквата се навикнале на тоа ниво или се помириле со таа состојба и со тоа, во голема мера, се задоволни. Тие можат да кажат: „Па, ние сме грешници! Овде не може ништо да се направи!“

Додека пак, некои други телесни христијани можат да бидат воодушевени. Тие се радуваат што ја спознале библиската вистина. Телесно настроените членови на црквата можат да бидат многу активни, дури и имаат водечки позиции во локалната црква или на раководните позиции во делото. Тие дури можат да направат многу за Бога.

„Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’ И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’“ (Матеј 7:22.23; Библија)

Во што е проблемот? Исус рекол дека не ги познавал. Тие немале вистинска врска со Исуса, туку некоја привидна. Или не дошло до потполно предавање на животот или тоа не е одржувано бидејќи Исус не живеел во нивните срца преку Светиот Дух. Затоа, немале лична врска со Христа. „Така, може да постои само привидна врска со Христа.“ [Елена Вајт, „Копнежот на вековите“] Кога Христос не е во нас? За тоа прочитав тешки зборови. Пред да ги споменам, сакам да укажам дека можеме да бидеме слободни од следниве работи ако живееме живот со Светиот Дух:

„Духот спротивен на Христовиот дух, ќе Го одрече Христос. Без обзир на тоа, како зборовите Го исповедаат, луѓето можат да се одречат од Христа зборувајќи зло, бесмислени разговори, невистинити или нељубезни зборови. Тие можат да се одречат од Него избегнувајќи ги животните товари, тежнеејќи за грешни задоволства. Тие можат да се одречат од Него прилогодувајќи се со светот, со неучтиво однесување, со љубов кон сопствените ставови, оправдувајќи се самите себе, негувајќи сомнеж, предизвикувајќи неволји и престојувајќи во темнината. На сите овие начини изјавуваат дека Христос не е во нив.“ [Елена Вајт, „Копнежот на вековите“.]

Ваквата состојба со Божјата благодат може многу брзо да се промени. На оваа тема ќе се вратиме повторно во третиот и петиот дел.

 

Зошто предавањето на нашиот живот на Бога е важно?

Во Божјата реч пишува: „Затоа ве молам, браќа, заради Божјата милост, да ги принесете вашите тела во жива, света и угодна жртва на Бога, тоа да биде ваша разумна служба.“ (Римјаните 12:1; Библија)

„Бог сака да нè исцели, да нè ослободи [од тиранијата на нашето „јас“; и од ропството на гревот]. Но, затоа што тоа бара целосна промена, обновување на целата наша природа, ние мораме во целост да се предадеме на Христа.“ [Елена Вајт, „Патот кон Христа“.]

„Затоа ве молам, браќа, заради Божјата милост, да ги принесете вашите тела во жива, света и угодна жртва на Бога…“ (Римјаните 12:1; Библија)

Нашето „јас“ се навредува, завидува, се лути итн. Бог сака да нè ослободи од ваквата состојба.

„Тој (Бог) нè повикува да Му се предадеме за да би можел да ја изврши Својата волја во нас. Нам ни е препуштено да одлучиме дали сакаме да бидеме ослободени од ропството на гревот, да уживаме во возвишената слобода на Божјите деца.“ [Елена Вајт, „Патот кон Христа“.]

На нашето прво основно предавање на Бога одговара новораѓањето (Јован 3:1-21; Библија). После тоа е важно да се опстане во тоа предавање. (Јован 15:1-17; Библија) За тоа ќе биде повеќе кажано во третиот дел.

За предавање на животот на Христа, Морис Венден го напишал следново:

„Едно делумно предавање и не е вистинско предавање […] Не можеме само малку да се предадеме на Христа, исто како што не може да се биде само малку бремена. Едноставно или е или не е, некаква меѓусостојба не постои.“ [Morris Venden, “95 Theses on Righteousness by Faith”.]

За секојдневното предавање од Елена Вајт читаме:

„Само оние кои сакаат да станат Христови соработници, само оние кои ќе кажат – Господи, сè што имам и сè што сум Ти припаѓа Тебе – ќе бидат признати за Божји синови и ќерќи.“ [Елена Вајт, „Копнежот на вековите“.]

Значи, возможно е човек да биде во црква и да биде изгубен. Каква трагедија! Параболата за десетте девојки и пораката за Лаодикија, исто така ни го покажуваат тоа. [Хелмут Хаубајл, „Остати у Исусу“, „Предање Исусу“.]

 

Зошто телесното христијансто толку тешко се препознава?

Затоа што животот на телесниот христијанин е исполнет со „религија“, тој често не препознава дека она суштинското му недостасува: блиска, спасоносна заедница со Бога. Ако Исус не може во целост да управува со нашиот живот, тогаш Тој практично се наоѓа пред вратата и чука („Еве, стојам на вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.“ – Откровение 3:20; Библија), и вели: „Ако таа состојба не се промени, ќе ве изблувам.“ (Откровение 3:16)

Овде уште нешто игра улога: нашето цврсто осведочување се темели на нашата основна наука, која се заснова исклучиво на Библијата. Притоа, важно е да останеме отворени за натамошни сознанија. Исто така, имаме добро знаење, ги зборуваме вистинските работи, а сето тоа многу ни отежнува да ја препознаеме телесноста. Зарем ни тоа, ако некогаш навистина сум живеел по Светиот Дух не игра некоја улога? Ако не, како тогаш воопшто можам да ја препознаам разликата?

Еден пастор напиша: „Само што имав телефонски разговор со една сестра, која учествува на нашите четириесетдневни молитвени часови. [Повеќе за тој начин на молитва ќе зборуваме во глава 5.] Ми кажа дека тоа го променило нејзиниот живот. Целиот свој живот си го поставувала прашањето: што е тоа што недостасува во нејзиниот верски живот, и сега сфатила: тоа е Светиот Дух. Би сакал ти да би го слушнал нејзиното сведочење. Ми кажа дека прв пат во својот живот забележала дека има врска со Бога […]. Исто така и други учесници забележале промена во својот живот.“ [Од e-mail на авторот од 15.2.2012.] И во оваа изјава, исто така, гледаме дека може да се забележи кога на некој нешто му недостасува, но не знае што. Многумина имаат желба за повеќе, а не знаат што е тоа и како може да го добијат.

Благодарен сум што во 1-во Коринтјаните 3:1-4, три пати се појавува зборот „уште“: „Зашто сте уште телесни.“ Тоа ни покажува дека и за телесните луѓе е  возможно да станат духовни. Никој не мора да остане телесен. Затоа што е во црквата, има големи шанси да го препознае тоа и да го промени. Како може да се стане духовен, ќе опишеме подоцна.

Понатамошни состојби се љубомората и кавгата, како што и пишува во 1-во Коринтјаните 3:3(б): „Штом меѓу вас има завист, спорови и поделба“ – ваквото однесување му докажува на Павле дека телесните христијани не живеат по Светиот Дух, туку се однесуваат човечки, како и другите луѓе. Тие можат да се однесуваат како природни луѓе, но тоа однесување е во религиозно пакување. Тоа ни укажува дека напнатоста во црквата воглавно потекнува од телесно настроените членови на црквата („Знајте го ова, возљубени браќа мои: секој човек да биде брз во слушањето, а бавен во зборувањето, бавен на гнев.“ – Јуда 19; Библија)? Зарем фарисеите и садукеите во Исусово време не биле постојани ривали? Тоа значи дека уште тогаш постоела напнатост помеѓу конзервативните и либералните/напредните. Едните сè сфатиле строго прецизно, а другите лабаво. Но и двете страни биле убедени дека имаат правилно толкување на Библијата и правилен став. Но нам Исус ни покажал дека и едните и другите биле телесни, а тоа значи дека не биле исполнети со Свети Дух. Истото тоа е возможно и ден денес. И конзервативните христијани можат да бидат телесни.

За жал, и денес делумно се гледа преку наочарите „конзервативен“ или „либерален/напреден“. Предноста е што самиот набљудувач притоа добро поминува. Кај библиската поделба на „духовни“ и „телесни“ повикани сме да извршиме духовна интервенција, а тоа би требало да го извршиме за сопствено добро. Да размислиме подетално, што ни кажува Божјта реч во посланието до Галатјаните:

„[… ] што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее: кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее погибел; а кој сее во Духот, од Духот ќе пожнее вечен живот.“ (Галатјаните 6:7.8; Библија)

Телесниот човек сака да Го следи Исуса и да Му се допадне, но не Му го предал целиот свој живот или ако тоа и го направил, на некој начин сепак подоцна се откажал. („Толку ли сте неразумни? Што почнувајќи со Духот, сега сами завршувате со тело?“ – Галатјаните 3:3; „Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов. И така, спомни си од каде падна, и покај се, и врши ги своите први дела; а ако не, скоро ќе дојдам при тебе и ќе го отстранам твојот светилник од неговото место, ако не се покаеш.“ – Откровение 2:4.5; Библија) Тоа значи дека тој, веројатно подсвесно, сака да живее, истовремено според Божјата волја и според својата погодност (удобност). Но тоа е невозможно, бидејќи на крај тој самиот управува со својот живот. Тоа значи дека, пословично кажано, кај него се две души во едни гради. Дали Бог во овој случај може да ни Го даде Светиот Дух? Одговорот го наоѓаме во посланието на Јаков: „Барате, но не добивате, зашто барате погрешно, за да го трошите во вашите страсни желби.“ (Јаков 4:3; Библија) Дојдов до заклучок дека овде се мисли на молбата по телесното определување. Зарем таквото услишување не би ја само зголемила сопствената себичност? Значи, тој член на црквата живее од сосем нормални човечки сили и способности. Таквиот член е опишан како „млак“ („Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.“ – Откровение 3:16) или како „неразумен“ („Петте од нив беа неразумни, а петте мудри…“ – Матеј 25:2 и понатаму).

 

Зошто Исус телесните членови на црквата ги означува како млаки?

Зошто е тоа така, што на многу христијани им недостасува искуството со Светиот Дух? Да би одговориле на тоа прашање, сакаме, пред сè, да се позанимаваме со феноменот Лаодикија. Зошто Исус верниците на лаодикијската црква ги означува како млаки? Тој Самиот дал јасно предупредување: „Еве, стојам на вратата и чукам […]“ (Откровение 3:20) Исус не се нашол во центарот на животите на овие верници, туку надвор, надвор пред вратата. Зошто Тој не влегол внатре? Затоа што не е ниту повикан да влезе. Тој нема да влезе Сам на Своја рака, бидејќи го почитува нашето слободно одлучување.

Зошто верните Го оставаат Исуса да стои пред вратата?

За тоа постојат различни причини. Некои, по прашање на верата, се наоѓаат на исклучително интелектуално-разумно ниво, како на пример, книжевникот Никодим. Тие не разбираат за што всушност се работи во христијанството, имено, за нашето целосно предавање на Бога, кое ни одговара на новораѓање (спореди со Јован 3:1-10; Библија) За други „цената“ која треба да ја платат како Христови следбеници е превисока, бидејќи сметаат дека со тоа мораат премногу да се откажат, како „богатиот младич“ (спореди со Матеј 19:16-24; Библија). Да се следи Исуса бара самоодрекување и подготвеност да се менува животот (спореди со Матеј 16:24.25), целосно предавање на Бога („Затоа ве молам, браќа, заради Божјата милост, да ги принесете вашите тела во жива, света и угодна жртва на Бога, тоа да биде ваша разумна служба.“ – Римјаните 12:1; Библија). Причина за оставање на Исуса надвор може да биде чиста немарност и недостаток на време за заедница со Него.

Да повторам: Исусовото образложение за млакоста во Откровение 3:20 е: „Еве, стојам на вратата и чукам.“ Значи, Исус не се наоѓа во центарот туку надвор или на споредно место. Размилете за тоа дека „никој не може да им служи на двајца господари“. Или вие самите управувате со вашиот живот или Исус. Значи, млакоста се доведува во врска со личниот однос кон Исуса. Во друг поглед, дотичниот воопшто не мора да биде млак.

Пример: некој човек може да биде толку работно активен така што целосно ја запоставува својата сопруга. Тој е активен во својата работа, но е млак во својот брачен однос. Може да се биде многу активен член на црквата, многу вреден старешина или пастор, или дури и претседател на областа или унијата, а сепак млак во својот однос кон Христа. Човекот е толку активен во извршувањето на многу обврски така што го запостава својот личен однос со Христа. Тоа е млакост, која Исус сака да ја отстрани. Најтрагичната можност е некој да е многу вработен со Божјото дело (во црквата и мисионската работа), а притоа да го запостави Господарот на делото.

 

Параболата за десетте девојки

Да фрлиме уште еден поглед на оваа парабола. Што ни покажува оваа Исусова парабола за десетте девојки во врска со духовните и телесните членови на црквата?

– Сите биле девици.

– Сите имале лампи.

– Сите пошле да го пресретнат младоженецот.

– Сите биле во адвентно очекување.

– Сите заспале.

– Сите го слушнале повикот и се пробудиле.

– Сите ги припремиле своите лампи.

– Сите лампи гореле.

– Половината установиле: „Нашите лампи ќе се угаснат.“

Но лампите кои горат согоруваат масло и така тоа се троши. После кратко време, пет од нив забележале: „Нашите лампи ќе се угаснат.“ Лампите на неразумните девојки, кои гореле само кратко време, ни покажуваат дека и тие сепак имале малку Свети Дух, но тоа не им било доволно. Имале премалку масло, тоа било единствена разлика!

Кога тие пет се вратиле од купување и молеле да влезат, Исус им рекол: „Не ве познавам.“ Предоцна се грижеле за масло т.е. за Свети Дух. Вратите останале затворени.

Во оваа Исусова изјава јасно гледаме дека нашиот личен однос со Него има врска со Светиот Дух. Кој не живее исполнет со Светиот Дух, нема да биде препознат од страна на Исуса. Во Римјаните 8:8.9 пишува: „Оние, кои се во телото, не можат да Му угодат на Бога. […] Но, ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов.“

Навистина, ние имаме вистинска лична врска со Исуса само преку Светиот Дух. Во 1-во Јованово пишува: „И по тоа знаеме дека Тој (Исус) останува (пребива, живее) во нас: по Духот Кого ни Го дал.“ (1-во Јованово 3:24; Библија) Тоа значи сигурност дека сум исполнет со Светиот Дух, а тоа е истовремено и сигурност дека сум во Исуса и Тој во мене.

Токму ова искуство го имала и онаа сестра која учествувала на четириесетдневните молитвени состаноци. Преку присуството на Светиот Дух во нејзиниот живот ја доживеала оваа врска со Бога сосема поинаку, а и другите ја забележале таа промена. Една сестра од јужна Германија, откако ја проучувала оваа брошура, напишала: „Заедно со упатствата од книгата „40 дена молитва и подготовка за второто Христово доаѓање“ од Денис Смит (Dennis Smith), оваа брошура стана составен дел на мојот живот и долго очекуван благослов. Колку се оние верници кои се чувствуваат исто како и јас и уште една сестра од мојата црква, дека секогаш нешто ни недостасувало во нашиот верски живот? А сега искусивме, како Исус влегува во нашиот живот и почнува да нè менува. Тој тоа сè уште го прави и чекор по чекор нè привлекува сè поблиску кон Себе.“ [Од е-маил на авторот од 31.3.2013.]

Еден брат напишал: „Брошурата ‘Чекори кон лично пробудување’ особено ме допре […]. Поглавјето за десетте девојки, а особено делот од стихот во Римјаните 8:9(б): ‘Ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов’ – силно ме шокираше. Одеднаш не бев сигурен дали Го имам Светиот Дух и дали Тој делува во мене, бидејќи соодветните плодови болно ми недостасуваа во животот. Денес, во сабота напладне, ја прочитав книгата до крај, и тогаш ме совлада некоја бесконечна длабока тага. Потоа ја прочитав молитвата од 151-ва и 152-ра страна и во мене се појави силна внатрешна желба да добијам Свети Дух и моето срце да се промени, така што Бог Таткото да може да ме обликува по Своја волја. […] Благодарам за книгата и за зборовите кои толку силно ме допреа.“ А.П.

Најголемата трагедија на телесниот христијанин е тоа што нема да добие вечен живот доколку неговата состојба не се промени. Римјаните 8:9(б): „Ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов.“

Да утврдиме: главната разлика помеѓу телесните и духовните членови на црквата зависи од Светиот Дух. Духовниот христијанин е исполнет со Светиот Дух, а телесниот не е доволно или не е воопшто.

Ако установите дека сте телесен христијанин, тогаш немојте да се грижите. Бог ви нуди лек: Светиот Дух. Во некои кругови Светиот Дух се пренагласува, додека во други повторно се запоставува. Нека Бог нè води на умерениот библиски пат.

 

Споредба: првата црква – црквата во последното време

Ако ја споредиме првата црква со нашата денешна црква, не можеме да поминеме а да не установиме дека првата црква претежно морала да се состои од духовни луѓе. Според Дела Апостолски, тоа била основна причина на брзиот развој. Тие немале никакви други помошни средства, но затоа Го имале Светиот Дух. Ние имаме одлични, многубројни помагала, но недостаток на Светиот Дух.

А. В. Тозер (A. W. Tozer) напишал: „Ако денес Светиот Дух би се повлекол од црквата, 95% од она што се прави и понатаму би се правело и никој не би забележал никаква разлика. Ако Светиот Дух би се повлекол од новозаветните (првите) цркви, 95% од она што тие работеле – би го снемало, и секој би ја увидел разликата.“ [S. Joseph Kidder, Anleitung geistilchen Leben (Andrews University), PPP Folie 2.]

Дали сме научиле да излегуваме на крај и без Светиот Дух? Дали црквата денес најголемиот дел ја сочинуваат телесни христијани? 

Дали поради тоа често сме слаби и воглавно без победа? Дали можеби телесноста е причина за овој слаб раст на црквата, кој го доживуваме во многу подрачја? Дали оптоварувачките проблеми во многу подрачја произлегуваат од телесноста? Сè повеќе и повеќе ќе забележуваме дека нашиот главен личен и заеднички проблем е недостаток на Светиот Дух. Во нашиот личен живот, со Божја помош таквата состојба можеме брзо да ја промениме. Тоа е нашиот трет дел.

Да заклучиме: Да се биде телесен значи да се живее од нормални човечки сили и способности, без Светиот Дух или со Неговото недоволно присуство.

 

Главна препрека во телесното христијанство

Високата библиска етика – сакајте го непријателот, на секој човек простете му сè, победете го гревот итн. – може да се оствари само во силата на Светиот Дух, а никако во човечката сила. Тоа ни покажува дека главниот проблем во телесното христијанство се состои во тоа дека се води живот исклучиво со човечка сила. Само со сопствената сила ние не можеме да ја извршуваме Божјата волја. Да прочитаме со тоа и неколку библиски стихови:

„Сета наша правда [e] како извалкани облеки.“ (Исаија 64:6; Библија)

„Може ли Етиопецот да ја измени својата кожа? Или леопардот своето крзно? А вие, можете ли да правите добро, свикнати да правите зло?“ (Еремија 13:23; Библија)

„Ќе ви дадам ново срце, и ќе вдахнам нов дух во вас! […] за да одите по Моите закони и за да ги пазите и вршите Моите наредби.“ (Езекиел 36:26.27; Библија)

„Зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот Закон, ниту пак може“ (Римјаните 8:7; Библија)

Е. Г. Вајт напишала јасно и прецизно: „Оној кој се обидува да го придобие небото со своите сопствени дела, со тоа што го извршува (држи) Законот, се обидува нешто невозможно. Ниту еден човек не може да биде спасен без послушност, но неговите дела на послушност не треба да доаѓаат од него самиот. Христос треба да прави во него да сака и да прави она што е по Негова волја.“ [Ellen G. White, Review and Herald (www.egwwritings.org), 1 Jul, 1890.]

Мислам дека ова упатство доволно јасно ни покажува дека ние не сме во состојба да ја извршуваме Божјата волја без Светиот Дух. Потребно е постојано да се одлучуваме за волјата Божја и Бог да ни даде сила да ја спроведиме во дело. Ова разбирање на науката за оправдание со вера е многу важно и ослободувачко. Но тоа овде не можеме да го обработиме поопширно.

 

Што може да се случи кога се обидуваме да направиме нешто кое ги надминува нашите можности?

Што може да се случи ако често установувам дека не можам да успеам, повторно паднав? Во извесна смисла, овде може да настане разочарување.

Притоа мислам дека тој проблем поотворено се покажува кај помладата отколку кај постарата генерација. Старите се навикнати повеќе да бидат совесни и послушни на семејството, во училиште и на работа, и поради тоа разочарувањето не ги погодува така лесно како младите. Проблемот е еднакво присутен и кај старите и кај младите, само што тоа младите луѓе појасно го забележуваат. Да се оди по патот на верата во сопствената сила е основен проблем на секој телесен христијанин, сеедно дали тој тоа го знае или не.

Како се обидувате да го решите проблемот? Некој поупорно се моли на Бога за помош и можеби заклучува дека треба да направи уште поголем напор во решавањето на проблемот. Некои други можеби мислат: Можеби и не треба да се гледа толку тесноградо? Тогаш тој продолжува некои работи да ги прифаќа послободно и се чувствува слободен. А пак, некои други сосема ја отфрлаат верата и можеби после тоа навистина и се чувствуваат подобро. Проблемот е единствено во тоа што наизглед тоа се добри решенија, а всушност погрешни, бидејќи лошиот крај ќе дојде порано или подоцна.  Вистинскиот начин за решавање на проблемот е божествените прописи да се сфатат сосема сериозно бидејќи сите тие се дадени за наше добро од Божјата љубов. Но за тоа ни е потребна Божјата сила. Вистинскиот начин е да се живее во силата на Светиот Дух бидејќи тогаш се зголемува радоста, мотивацијата, силата, духовната плодност и доаѓа победата. (Повеќе за тоа во „Послушност преку Исуса“.) [Остати у Исусу, „Послушност кроз Исуса“, 4.глава, стр. 88.]

 

Главен проблем

Мислам дека препознавме дека вистинскиот проблем воглавно е во врска со телесното христијанство. Дали чекор по чекор ни е сè појасно зошто Исус не сака да има млаки христијани? Тие самите немаат живот во полнота, кој Исус сака да ни го даде. А покрај тоа, тие се лош пример за другите, многу – а можеби и најголемиот број од нив – дури не се ниту свесни за тоа. Проблемот е многу посериозен отколку што ние можеме и да претпоставиме.

„Млаките христијани се полоши и од неверниците; нивните измамливи зборови и незадолжителни ставови заведуваат многумина од вистинскиот пат.“ [EGW Letter 44, 1903, zitiert in Adv. Bible Commentary, Vol. 7, 963 во врска со Откровение 16-3:15.]

 

Можни околности за настанување на телесно христијанство

Можеби постојат следниве околности или основи кои водат кон телесно христијанство:

  1. Непознавање – Премалку сме се занимавале со проблемот „Да се живее со Светиот Дух“, или не сме го пронашле клучот за практична примена.
  2. Неверување или слаба вера – Исполнувањето со Светиот Дух како предуслов бара целосно предавање на Исуса Христа. Ова предавање, исто така, не може да се постигне поради незнаење, но, исто така, и од страв дека Господ ќе нè води поинаку од она како што ние би сакале. Тоа повторно значи дека немаме доволно доверба во Божјата љубов и во Неговата мудрост.
  3. Погрешно сфаќање – Некој може да мисли дека е исполнет со Светиот Дух иако навистина не е, или не е доволно. Изгледа дека тоа е главниот проблем. (Повеќе за тоа на следната страна, под насловот: „Зошто да се молам за Светиот Дух ако веќе сум исполнет со Него?“ – Како да се реши привидната спротивност?)
  4. Презафатеност – Човекот е толку зафатен, така што мисли дека нема време за негување на односот со Христа. Или си обезбедува време, но никогаш не успева да постигне вистинска врска со Бога.
  5. Скриени гревови – Можеби постои недостаток на желба и волја да се поправи нешто лошо што веќе е направено, а тоа делува како краток спој. Тоа значи дека не постои врска со Божјата сила.
  6. Однесување кое претежно се потпира на чувства.

Во Божјата реч пишува: „А праведникот живее од верата.“ (Евреите 10:38а) Дали ги донесувам своите одлуки на основа на довербата во Бога или по своите чувства? Следниве зборови на Роже Морно (Roger Morneau) оставија многу длабок впечаток на мене: „Злите духови ги охрабруваат луѓето повеќе да се потпираат на своите чувства отколку на Христовите зборови и да не ги слушаат Неговите пророци. Не постои ниту еден друг сигурен пат со кои злите духови би можеле да ја превземат власта над животите на луѓето, а тие самите да не забележат што всушност се случува.“ [Roger Morneau, Eine Reise in die Welt des Übernatürlichen (Zürich), 38.]

 

Зошто да се молам за Светиот Дух ако веќе сум исполнет со Него?

Од една страна, Светиот Дух ни е даден за да престојува во нас, а од друга страна, потребно е постојано во вера да се молиме за Него. Како се решава ова привидна спротивност?

Од една страна:

Исус во Јован 14:17 рекол: „А вие Го познавате [Светиот Дух] зашто Тој престојува при вас и ќе биде во вас.“ Дела Ап. 2:38 објаснува: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти […] и ќе примите дар од Светиот Дух.“

Од друга страна:

Исус во Својата поука за молитвата во Лука 11:9-13 рекол: „Молете и ќе ви се даде; […] колку повеќе небесниот Татко ќе им даде Свети Дух на оние, кои Го молат?“ Ефесјаните 5:18: „Туку полнете се со Духот!“ На основа на грчкиот текст, овде во двата случаи се мисли на постојана молитва.

Решение:

Е.Г. Вајт напишала: „Сепак, делувањето на Светиот Дух секогаш е во склад со пишаната реч. Како што тоа е во светот на природата, така е и во духовниот свет. Животот во природата од час во час се одржува со божествена сила; сепак, тој не се случува со некое непосредно чудо, туку со употреба на благословите кои се ставени на дофат на нашите раце. Така и духовниот живот се одржува со употреба на оние средства кои провидението ни ги става на располагање. Доколку христовиот следбеник сака да израсте ‘до совршениот човек, до полната мерка на Христовиот раст’ (Ефесјаните 4:13) мора да јаде од лебот на животот и да пие од водата на спасението. Тој мора да бдее, да се моли, во сè да ги слуша поуките кои му го дава Бог во Својата реч.“ [Е.Г.В., Апостолска црква – Христовим прагом, Препород Београд, 2004, стр. 199 (284.285).]

Ние сме го добиле својот живот при раѓање и тоа за цел век. Тој живот да би се одржал потребно е да јадеме, да пиеме, да се движиме итн. Исто така е и со духовниот живот. Светиот Дух сме Го добиле при крштевањето со вода и Духот (на новораѓање), со кој тој духовен живот останува во нас целиот наш живот. Тој духовен живот да би се и одржал неопходно е да се храниме со духовни намирници кои Бог ги предвидел за нас: Светиот Дух, Божјата реч, молитвата, сведочењето итн. Исус во Јован 15:4 рекол: „Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас.“ Со тоа, Е. Г. Вајт вели: „Да се биде во Христа значи постојано да се прима Неговиот Дух, значи живот на целосно предавање на Неговата служба.“ [Елена Вајт, „Копнежот на вековите“.] Затоа е потребно секојдневно во вера да се молиме за Светиот Дух и секое утро целосно да се предадеме на Бога со сè што сме и со сè што имаме.

 

Каде се наоѓам јас?

Зарем сега не е најважно да установам во која група припаѓам јас? Каде се наоѓам? Кога мојата мајка била на дваесет години, на прашањето на еден господин за улогата на Бога во нејзиниот живот, таа му одговорила дека таа нема интерес за религијата. А тој тогаш ја запрашал: „А ако вечерва би умрела?“ Ова прашање болно ја погодило, но делувало многу добро: тоа ја довело до таму да се одлучи за Исуса и за Неговата црква. Можеби и вас ќе ви помогне тоа прашање.

Да претпоставиме… вие умрете денес… (срцев удар, несреќа?) Дали сега сте сигурни за вечниот живот со Исуса Христа? Немојте да останете во неизвесности. [Die direkte Antwort auf dieses Problem ist der Andreasbrief Nr. 13 “Ergeife das Leben” (6 Seiten A5), beziehbar bei Wertvollleben, Im Kiesel 3, D-73635 Rudersberg/Württ. Tel. 0049 (0) 7183 – 3099847 E-mail: info@wertvollleben.]

 

Се работи за животната среќа

Бев сериозно исплашен кога го препознав целиот опсег на проблемот – недостаток на Светиот Дух. Размислував и се молев, дали следниот пасус да го внесам во текстот или не. Се осудив да го направам тоа, бидејќи се работи за нечија животна среќа, неговиот вечен живот и неговото влијание, особено во бракот и во смејството воопшто, како и во црквата и на работното место. Не знам на кој се однесува тоа, но сакам да помогнам на секого кој се чувствува погоден, бидејќи и јас добив помош.  Многу е важно, секој кој е телесен, таа своја состојба да ја препознае, инаку не може да го промени со Божјата помош. Во Својата љубов, Бог сака да нè благослови богато со Своите дарови, преку блискиот однос со Исуса Христа, преку Сетиот Дух. Со тоа се избегнува голем губиток и се доживува неизмерен благослов. А прекрасното сознавање се огледува во тоа што таа ситуација можеме исклучиво брзо да ја промениме со Божја помош. (Поопширно за тоа во 3-та и 5-та глава.)

Проблемот на телесноста во христијанството е споменат под различни поими во Библијата. Поединечни групи и поединци во тие групи можат да имат различни тежишта на делување, но основниот проблем е секогаш ист:

 телесни – „Но вие не сте во телото, туку во Духот, ако Божјиот Дух навистина живее во вас. Но, ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов.“ (Римјаните 8:9; Римјаните 8:1-17; 1-во Коринтјаните 3:1-4; Галатјаните 5:16-21; Библија)

луѓе – параболата за десетте девојки (Матеј 25:1-13): „Состојбата на црквата, претставено со неразумните девојки исто така е означено со Лаодикија.“ [Ellen G. White in Review and Herald, 19.8.1890.]

малки – пораката до Лаодикија (Откровение 3:14-21); „Да си барем ладен или врел.“ (Откровение 3:15б; Библија) Зарем не е запрепастувачки тоа дека Исус дава предност на ладните пред млаките? Која е Неговата причина за тоа? „Млаките христијани (а тоа сме ние ако не живееме живот на целосно предавање на Христа) се полоши и од неверниците; нивните измаливи зборови и незадолжителни ставови заведуваат многумина од вистинскиот пат. Неверните го покажуваат ‘своето знаме’ – покажуваат каде припаѓаат, а млаките христијани ги заведуваат двете страни. Тој не е ниту добар светски човек, а ниту добар христијанин, и сатаната го користи за дело кое некои други не можат да го извршат.“ [Ellen G. White, Letter 44, 1903.]

не е наново роден – или не останал во тоа; (Јован 3:1-21) „Новораѓањето е едно ретко искуство во ова време. А тоа е основната причина што имаме толку потешкотии во нашите цркви. Многумина кои го прифаќаат Христовото име не се посветени, не се посветиле на Бога. Тие се крстени, но живеат ‘погребани’. Нивното ‘јас’ не умрело, и поради тоа не останале со Христа во новиот живот.“ [Ellen G. White, MS 148, zitiert in Adventist Bible Commentary, Vol. 6, 1075, “Many buried alive”.]

–  привидност – „кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила [Светиот Дух]“ (2-ро Тимотеј 3:5; Библија) На тоа Артур Даниелс (Arthur G. Daniells) напишал: „[…] Формализмот е нешто што е исклучително измамливо и уништвачко. Тој е прикриен, непредвидлив гребен на кој, на црквата низ вековите често ѝ демнела опасност да се разбие. Павле нè поучува и нè предупредува дека ‘изгледот на побожноста’ (2-ро Тимотеј 3:5; Библија) без Божјата сила [без исполнување со Светиот Дух] е една од опасностите на последното време, и нè предупредува да се отклонеме од тој удобен и самоправеден став.“ [A. G. Daniells, Christus unsere Gerechtigkeit (Hamburg, 1962), 20.]

Со тоа можеме да додадеме и шокатни изјави од делата на Духот на пророштвото:

многу, многу мал број – „Во сон го видов стражарот кој стоеше на влезот на една голема зграда, кој го прашуваше секого што сакаше да влезе во зградата: ‘Дали Го прими Светиот Дух?’ Стржарот во своите раце држеше мерило и дозволуваше влез само на многу мал број на луѓе […]“ [Ellen G. White, Selected Messages, Vol. 1, 109.2 (egwwritings.org).]

Не е подготвен дури ниту еден од дваесет – „На жалост морам да ѝ соопштам на црквата една многу сериозна вест, дека дури ниту еден од дваесет членови кои се запишани во црквените книги, не е подготвен сега да оди од оваа земја. Тој би бил без Бога и без надеж на овој свет исто како и секој друг грешник.“ [Ellen G. White, Cristian Service, 21.1 (egwwritings.org).]

Зошто толку поспани? „Зошто Христовите борци се толку поспани и толку рамнодушни? Затоа што имаат толку малку вистинска врска со Христа; затоа што Неговиот Дух целосно им недостасува.“

голема опасност – „Не сакам да трошам многу зборови на тоа колку може да биде краток и несигурен нашиот живот. Голема е опасноста, која многумина ја потценуваат, се држат цврсто до грешниот живот и не го слушаат предупредувачкиот глас на Светиот Дух.“ [Елена Вајт, „Патот кон Христа“.]

Кој е основниот грев? „Зашто не веруваат во Мене.“ Знакот дека навистина веруваме во Исуса и имаме доверба во Него се состои од тоа целосно да Му се довериме. Овде се работи за нашето целосно предавање, и подготвеност да Го следиме во сè.

Нагласувам уште еднаш: се осудив да го внесам овој пасус бидејќи се работи за нашата лична животна среќа и за нашиот вечен живот. Но, исто така, и за нашето влијание, особено во бракот, во семејството и во црквата.

 

Многу прашања

Одлучувачкото прашање е – дали сте исполнети со Светиот Дух? Кои претпоставки се неопходни за тоа? Кои позитивни резултати ги има животот со Светиот Дух? Што ако човекот е во забуна и смета дека е исполнет со Светиот Дух?

 

Благодарност за имплусите

Да заблагодариме на Господа што сега сè повеќе се занимаваме со пробудувањето. Сметам дека нашиот прекрасен и голем Бог има доволно причини токму сега преку Светиот Дух да ни даде имплуси за пробудување.

Може ли во тоа да припаѓаат следниве причини?

  • Тој сака да ни помогне во нашите недостатоци и да нè изведе од нашата лаодикејска состојба.
  • Тој сака да нè подготви за скорото Христово доаѓање и за посебното време кое му предходи.
  • Тој сака преку оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво (Откровение 12:17) и верата на Исус (Откровение 14:12), да го поткрене завршното големо пробудување во светот (Откровение 18:1.2).

Да се заблагодариме на Бога исто така и за тоа што секој телесен христијанин многу брзо може да стане духовен. И секој кој живее воден од Светиот Дух да расте во полнина. На крајот на оваа глава ќе изнесам едно искуство.

 

Нова мотивација и внатрешна радост

„Една сестра ми ја даде брошурата „Чекори кон лично пробудување“. Нејзината содржина остави многу длабок впечаток на мене. Такво нешто долго барав, и сега конечно го пронајдов. Започнав мојот верски живот да го доведувам во ред, и дури тогаш забележав дека морам да направам уште нешто: сосема се предадов на Исуса. Од тогаш Господ ме будеше рано секое утро и ми подаруваше тивко време за молитва. Потоа започнав да проучувам секојдневно по еден дел од книгата ’40 дена молитва’ […] забележав сосема јасно дека мојот однос со Исуса исклучиво добро напредува. Стануваше сè подлабок и подоверлив. Светиот Дух работеше на моето срце. После 40 дена започнав со проучување на книгата број 2, ’40 дена молитва’ […] Во меѓувреме двете книги детално ги проучив четири пати. И не можам повеќе поинаку, туку секојдневно да се молам за заедница со Бога. И делувањето е величествено, бидејќи новата мотивација и внатрешната радост не можат да останат незабележани. За тоа време имав многу прекрасни искуства. Исто така, барав можности тоа што ме исполнува да го споделам со други. Блиската врска со Исуса ни укажува дека многу работи во животот се неважни, а непотребните грижи едноставно исчезнуваат. Сакам и се молам и многу други браќа и сестри да доживеат едно такво искуство.“ Х. С.

Pin It on Pinterest