Неверојатна фабрика е работата под нашата кожа. Kога ултравиолетовите зраци на сонцето ја допираат нашата кожа, фабриката се подготвува да работи. Милјони црвени крвни зрнца постојано течат низ многу мали крвни садови низ секој дел од 7600 квадратни сантиметри од нашата кожа. Исто така постојат мали масни жлезди под кожата кои биохемичарите ги нарекуваат стероли. Како што сончевата светлина ги допира, супстанците во нив, наречени ергостероли се озрачени и се претвораат во витамин Д. Тој оди низ целото наше тело и ни помага да имаме цврсти коски, заби и нокти.

Секое живо суштество во нашиот свет е зависно од сонцето. Без сончевата светлина, ништо не може да живее. Сончевата светлина се состои од енергија на бранови должини во широк спектар. Ние ќе се фокусираме на видливите зраци, заедно со инфрацрвените и ултравиолетовите зраци. Сончевата светлина може да направи чудо за нашето здравје, па дури и посреќен поглед на животот.

Од сите светла кои ни се достапни, не постои ниту едно толку здраво за човечкото тело како целосната сончева светлина која ја примаме надвор на отворено. Од исклучителна важност е секој ден да се изложуваме на сончева светлина која е неопходна за нашето тело со цел да се одржиме во добро здравје.

Во 1877 година двајца научници, Дaвнс и Блунт, откриле дека сончевата светлина може да уништи опасни бактерии. Денес се употребува за да уништи бактериски инфекции.

Сончевата светлина на која е изложено телото драматично го намалува високиот крвен притисок, го намалува лошиот холестерол, го намалува нивото на шеќер во крвта, го зголемува бројот на белите крвни зрнца. Соодветна сончева светлина на нашето тело ќе ја намали респираторната брзина и ќе предизвика дишењето да биде побавно, подлабоко, и дури и полесно. Срцето ќе се смири и по вежбањето побрзо ќе се врати во нормала. Сончевата светлина го зголемува капацитетот на крвта за да носи повеќе кислород до секое ткиво на нашето тело. Дури и по само една изложеност на ултравиолетова светлина значително ќе ја зголеми содржината на кислород во крвта. И тој ефект продолжува во следните неколку дена. Пациентите со бронхијална астма кои едвај дишат, полесно дишат по изложување на сончева светлина.

Интересен е фактот дека многу од овие ефекти на сончевата светлина се зголемуваат кога се во комбинација со физичка активност. На пример, заморот и исцрпеноста се намалуваат, а способноста за работа се зголемува. Познато е дека дел од ова се должи на зголемување на содржината на гликоген во крвта и во мускулите произлегувајќи од изложување на светлина и од вежбањето. Силата на срцето се зајакнува. Пулсот е намален затоа што срцевиот мускул пумпа повеќе крв со секое отчукување. Ова го оспособува срцето да се одмара повеќе помеѓу отчукувањата. И производството на крвта е зголемено за околу 39% во следните денови по изложувањето на сончевата светлина.

Редовното изложување на сончева светлина го намалува крвниот притисок. Изложувањето на сончева светлина го намалува крвниот притисок за 8%, а кога е комбиниран со физичка активност го намалува за 15%.

Исто така откриено е дека изложеноста на сонце има ефект како инсулин, го намалува нивото на шеќер во крвта и тоа го прави во вистинска пропорција. Оние кои немаат проблем со дијабетисот не искусуваат речиси никаква промена во шеќерот во крвта, додека дијабетичарите имаат впечатливо намалување на нивото на шеќер во крвта. Сега е познато дека ова намалување е предизвикано  од фактот дека светлината на телото предизвикува гликогенот (складираниот шеќер) да биде зголемен во телото, овозможувајќи му на шеќерот во крвта да биде намален. Повисок степен на складирање на гликогенот дава поголема енергија на телото за подолг период на физичка активност, со поголема издржливост и помал замор. (Предупредување: Дијабетичарите треба да ја намалат својата доза на инсулин кога се изложени на сончева светлина за да не се случи да земат премногу.)

Познато е влијанието на сончевата светлина врз менаџирањето на стресот. Сите ние се соочуваме со тензии и проблеми низ целиот ден. Сончевата светлина може да ни помогне полесно да поминеме во текот на денот. Таа нѐ поттикнува на продлабочено чувство на благосостојба и подобар сон ноќе. Ќе се чувствуваме подобро и ќе живееме подобро, бидејќи ќе бидеме поопуштени. Низ кризите во животот ќе поминуваме со помала тешкотија. Со изложувањето на телото на сончевата светлина доаѓа до смирување на нервите и растот на адреналин. Оваа релаксација не е само ментална, туку и физичка. Пациентите со гастритис и чир на дванаесетопалечното црево почувствувале подобрување под полезното дејство на сонцето.

Постојано се откриваат сѐ понови и понови сознанија за благодетите од сончевата светлина. Сончевата светлина го намалува холестеролот во крвта, а вишокот на холестерол во крвта е еден од проблемите кои водат до здравствени проблеми во кардиоваскуларниот систем. Првиот наод кој ги потврдува овие вистини датира од 1904-та година кога откриле дека сончевата светлина го менува холестеролот кој е веднаш под кожата во витамин Д. Бидејќи има многу холестерол веднаш под кожата, кога е променет од сончевата светлина во витамин Д, холестеолот од крвта е испратен да го завземе неговото место, и со тоа се намалува холестеролот во крвта. Истражувачите сега знаат дека кога холестеролот е поместен од крвта и однесен под кожата нивото на холестерол на крвта се намалува. Резултатот е намалено слкадирање на опасните наслаги кои ги затвараат артериите и водат до удар. После два часа од изложување на сончева светлина, во просек се намалува до 13% од холестеролот во крвта.

Истражувањата кои биле спроведени во Русија во 1970 година утврдиле дека  изложувањето на сончева светлина помага во омекнување на запушените стврднати артерии во мозокот. Подобрената ментална способност и меморија индицирала дека тие штетни наслаги на крвните садови биле намалени по изложувањето на сончева светлина. Исто така руските истражувачи откриле дека од поголема полза се честите кратки изложувања на сончева светлина отколку долгите и ретки. Доказ за ова е покажан на електрокардиограм: речиси два пати подобар ефект имаат кратките но чести изложувања на сончева светлина.

Драматични докази за важноста од светлината на телото се пронајдени во фактот дека расата со темна кожа страда повеќе од одредени болести отколку оние со светла кожа. Црната раса е најподложна на ризик. Решението е витамин Д, но со цел да се прими во телото, луѓето со темна кожа мораат повеќе да бидат изложени на сончева светлина отколку оние со светла кожа.

Во излекувањето на туберкулозата од голема помош е изложувањето на сонце. Инфекциите од стрептокока може да се редуцираат кога сончевата светлина досега до кожата. Габичната инфекција на нозете и стапалта побрзо се отстранува кога е изложена на сончева светлина. Сончевата светлина е решение за многу различни бактерии и вируси како и за заразни болести вклучувајќи многу физички проблеми од обичен грип, па сѐ до опасниот `рбетен менингитис.

Во 1935-та година Дерил Харт ја забележал зачестеноста во развивањето на инфекциите кај луѓето кои штотуку биле оперирани. Се прашувал дали во воздухот има штетни бактерии додека оперирал. Го истражил воздухот и открил 78 колонии на стафилококи на едно место. Се прашувал како да ги уништи овие стафилококи во воздухот и дошол на идеја да постави ултравиолетови светла  над операционата маса. Тој открил дека сите бактерии вклучувајќи ги и оние поопасните биле убиени во рок од десет минути, на одалеченост до два метри од светлината на тие лампи. И ова се случило уште кога светилките биле со слаб интензитет и било потребно осумдесет минути за кожата да зацрвени.

Сличен експеримент е направен во поморскиот центар за обука во кој во бараката била инсталирана ултравиолетова светилка со многу слаб интензитет. Резултатот бил 25% намаленост на респираторните инфекции помеѓу регрутите кои ги користеле овие лампи додека спиеле.

Немојте да поставувате лампи во спалната соба! Тие се со многу поголем интензитет и можат да предизвикаат оштетување на очите. Наместо тоа повлечете ги завесите и дозволете да влезе сончевата светлина, затоа што сончевата светлина ги уништува сите батерии кои потикнуваат болест. Сончевите лампи мора да бидат употребувани со голема внимателност за само неколку секунди од време на време.

Водата се прочистува со помош на сончевата светлина. Хлорирањето убива многу бактерии во водата кои предизвикуваат болести, но хлорот има одредени канцерогени ефекти. Истражувачите сега се насочуваат на прочистување со ултравиолетови зраци.

Четирите најопасни бактериски инфекции преку водата се колерата, тифусот, бациларна дизентерија и хепатитис. Било откриено дека сончевата светлина може да ги убие бактериите до некоја длабочина, ако протокот на вода е доволно бавен за да може ултравиолетовото зрачење ефективно да дојде до нив и да ги уништи.

Што е со бактериите на кожата? Изложувањето на сончева светлина ја зголемува отпорноста на кожата на болести. Тоа го постигнува со директно убивање на бактериите  на кожата. Сончевата светлина не само што директно ги убива бактериите на кожата, туку ги менува природните масла на кожата на телото во бактерицидни агенси. Дури и пареата која се издига од овие масла може да ги убие бактериите во воздухот.

Псоријазата и акните се две најчести болести на кожата. Двете може да се третираат со сончева светлина. Сончевата светлина ја сочувува псоријазата под контрола, и прочистувачката сила на овие зраци помага да се стелиризираат акните и да го забрза заздравувањето.

Сончевата светлина исто така го зајакнува имуниот систем на телото. Ова делумно се должи на фактот кога сончевите зраци допираат до кожата и се зголемува бројот на белите крвни зрнца во телото. Ова се ќелии кои се борат и се спротивставуваат на инфекции, и ги проголтуваат каде и да се наоѓаат во телото. Постои една конкретна бела крвна ќелија која е најмоќниот убиец на бактерии, тоа се лимфоцитите. Научниците дошле до заклучок дека сончевата светлина го зголемува бројот на лимфоцитите повеќе од било кој друг вид на крвни ќелии. Производството на антитела е многу важно за успешно спротивставување на инфекциите, а по изложување на сончевата светлина производството на антитела е значително зголемено. Ова се должи на фактот дека првенствено тоа се лимфоцитите кои произведуваат антитела особено гама глобулин. Во истражувањата се открило дека ова зголемување на антителата може да трае и до две-три седмици по изложувањето на сонце.

Неутрофилите, кои се многу сродни со белите крвни зрнца, се многу важни. Тие го поминуваат нивниот живот во нашето тело хранејќи се со бактерии, габи и други штетни освојувачи. Откако се изложени на сонце неурофилите се на некој непознат начин, стимулирани да ги „џвакаат“ штетните бактерии дури и побрзо. Истражувачките експерименти откриле дека ова „џвакање“ на бактериите е двојно поголемо по изложувањето на сончева светлина. Дали сте забележале дека во зимно време кога е помала изложеноста на сончева светлина луѓето се поподложни на настинки и вируси?

Интересно истражување поврзано со овој факт е со поларните истражувачи. По поминување на месеци во овие замрзнати предели со премалку сончева светлина, тие секогаш развивале инфекција на горните респираторни органи кога се враќале дома. Недостатокот од сончева светлина, за осум месеци го ослабнал нивниот имун систем, и нивните антитела и бели крвни зрнца значително опаднале.

И секако, сончевата светлина влијае и на нашите коски. Кај децата без соодветна сончева светлина, витаминот Д кој е неопходен за калцифицирање на коските не е присутен во соодветна доза за телото да може да го пренесе калциумот во коските и затоа тие лесно се виткаат. Кај возрасните кога нема доволно витамин Д во телото, калциумот ги напушта коските и тие стануваат лесно кршливи.

Во едно истражување каде што биле вклучени над 800 деца било забележано дека тие имаат поголема расипаност на забите во зимно време отколку летно време кога е сончево. Недостатокот на сончева светлина е наведен како факторот кој недостасувал и поради кој е дојдено до оштетување на коските. Исто така треба да биде забележано дека тие деца најверојатно внесувале помалку свеж зеланчук и свежо овошје за време на зимскиот период.

Новороденчињата и малите деца во деловите од светот со помалку сончеви периоди имаат поголема тенденција да развијат жолтица. Една медицинска сестра во Англија прва открила дека сончевата светлина може да го елиминира овој проблем. Два крвни примероци земени од исто дете, едниот кратко по другиот – го привлекло вниманието на медицинската наука. Изложувањето на сончева светлина значително ја подобрила состојбата на детето. Понатамшните истражувања откриле дека сончевата светлина преку стакло може делумно но не целосно да им помогне на децата со жолтица. Жолтицата кај возрасните може да биде предизвикана од безброј различни фактори, сончевата светлина помага во секој случај.

Векови наназад е откриено полезното дејство на сончевата светлина на артритисот. На луѓетп им било јасно дека ако имаат артритис мораат да поминат време изложени на сончева светлина.

Гихтот исто така може да биде излекуван со помош на сончевата светлина. Се смета дека ултравиолетовите зраци го зголемуваат излачувањето на уринарната киселина. Сончевата светлина помага и во исцелување на раните. Под нејзино влијание тие заздравуваат подобро и побрзо. Дел од причините за ова е поголемото снабдување со крв до раната кога сончевата светлина паѓа на неа. Бенефит имаат и постарите луѓе кои имаат проблем со циркулација на крвта, бидејќи сончевата светлина ја поттикнува циркулацијата.

Најновите откритија укажуваат на влијанието на сончевата светлина на отровните хемикалии. Сончевата светлина помага во уништување на многу од нив како што се олово, жива, кобалт, манган, кадмиум, флуор, бензен, пестициди, па дури и помага во елиминација на кварц и јаглена прашина. Принципот е дека ултравиолетовите зраци во светлината го зголемуваат бројот на ензими кои ги елиминираат токсичните хемикалии со тоа што ги метаболизираат. Русите даваат дневно терапија со сончева светлина на рударите за да им помогнат да го отстранат јагленот, кварцот и другите прашини од белите дробови. Интересно е да се забележи додека се отстрануваат токсичните материи на тешките метали и камења со помош на сончевата светлина истовремно се зголемува нивото на полезните минерали во крвта. Сончевата светлина го поттикнува лачењето на тироидната жлезда со што се поттикнува работата на метаболизмот што придонесува и при согорување на вишокот калории.

Универзитетот во Илиноис направил истражување на студентите и откил дека оние кои редовно се изложуваат на сончева светлина покажуваат поголем интерес на часовите, редовни се и внимателно ги следат.

Ф. А. Кумеров открил дека сончевата светлина влијае позитивно на умот и помага во балансирањето на стимулативните и депресивни импулси. Тоа всушност значи подобро расположение и ведрина како и задоволство од животот кај личноста која е изложена на сончева светлина.

За поздрав дом дозволете сончевата светлина да влезе во вашите домови. Тргнете ги завесите за сончевите зраци да можат продрат внатре. Иако сочневата светлина може да го оштети мебелот, но придобивките се поголеми од загубите. Сончевата светлина го прочистува воздухот во собата. Нормалниот проток на воздухот ќе го носи тој воздух до северните соби од куќата и ќе помогне да ги прочисти. Дали знаете дека пациентите во болниците оздраваат побрзо кога се сместени во јужните соби каде што досега сончевата светлина, а побавно кога се во северните соби каде што не досега толку светлина. Нека влегува светлина во вашиот дом колку што е можно повеќе и отворете ги вратите помеѓу различните соби, за да може тивкото исцелувачко влијание да продре во вашиот дом. Собите можат делумно да се прочистат преку светлината која продира низ стаклото од прозорците, додека пак директно преку отворениот прозорец ефектите се знчително поголеми.

 

Како да се добие потребната сончева светлина?

Доколку сме премногу долго изложени на сончева светлина може да предизвика ефект на сушење на кожата. Изложувањето на сонце треба да биде прогресивно започнувајќи само со неколку минути на ден. Ако ткивото на кожата е заситено со потребните витамини, сонцето нема да ја остари кожата, туку ќе ѝ помогне во нејзиното разубавување.

Исхраната и сончевата светлина се тесно поврзани. Со допирот на кожата сончевата светлина може да произведе одредени хормони и нутритивни вредности како витаминот Д. Доколку не се храниме правилно сончевата светлина не може да даде добри резултати. Ова мора да се нагласи: Сончевата светлина е опасна за оние кои се хранат со висока количина на масти. Исхраната мора да биде составена од изобилство на зеленчук, зрнести плодови и свежо овошје. Оние кои се хранат со масна храна мораат да останат подалеку од сонцето и да се заштитат себеси од него, но во исто време тие ќе страдаат од последиците од двете, високомасна исхрана и недостаток на сончева светлина. Ако не се храните здраво, а сте изложени на сончева светлина се зголемуваат можностите за развивање на рак на кожата.

За среќа од сите малигни заболувања кои го мачат човештвото, ракот на кожата е најлесен да се детектира и најлесен да се отстрани. Во врска со честоста на оваа појава, постојат помалку смртни случаи од рак на кожата отколку од било кој друг тип на карцином.

Но во поглед на предностите и опасностите на сончевата светлина, кој е најдобриот начин на примена? Колку долго треба да бидеме изложени на сонце и колку често? Слеуваат неколку предлози:

– Некои луѓе се почувствителни на сончева светлина од други, нивната кожа е поподложна на изгореници од сонцето. Таквите треба да започнат со помала изложеност на сонце и постепено да го зголемуваат времето во текот на наредните денови, додека пак другите можат да бидат изложени подолго време.

– Луѓето со потемна кожа треба да поминат подолго време на сонце со цел да примат колку им е потребно од сончевата светлина.

– Во зимските месеци, најдобро е да се изложувате на сонце напладне, затоа што во зимо помалку зрачи. Во летниот период потребно е да го избегнеме периодот кога сонцето е највисоко, напладне кога е најжешко. Колку е повисоко сонцето на небото толку се посилни зраците.

– Истите зраци кои можат да прочистат, ако се премногу силни можат и да предизвикаат изгореници на кожата. Исто така важно е да имате во предвид на кое место се наоѓате, бидејќи сонцето делува посилно на кожата доколку се наоѓате покрај вода на плажа и сл. Исто така имајте во предвид дека мократа кожа е поподложна на изгореници од сонцето, отколку сувата.

– Многу лекови, козметики и сапуни кои ги употребуваат луѓето за сензитивирање на кожата можат да предизвикаат изгореници многу побрзо.

– Друг проблем се лосионите за сончање. Тие често имаат тенденција да ги блокираат сончевите зраци.

– Бидете редовно изложени на сончева светлина, но најдобро е тоа да биде во истиот дел од денот.

– Внимавајте на времето кое го поминувате на сонце. Најдобро е неколку пати по 8 минути телото да се изложи на сонце на дневно ниво.

Поставете си во умот дека сакате балансирана и регуларна програма на изложеност на сончева светлина и правилна исхрана. Потребна е честа изложеност на сончева светлина, но не предолга. Тоа комбинирано со правилна исхрана, ќе придонесе за исцелувачката моќ на светлината која ни е потребна.

Првиот ден започнете со неколку минути дневно, секој ден зголемувајќи по неколку минути. Ако лежете изложени на сончева светлина ќе се почувствувате опуштено, затоа внимавајте да не заспиете (овие совети се однесуваат за летниот период кога сонцето е премногу силно).

Секое изложување на сончева светлина ќе придонесе за исцелување, прочистување, зајакнување на телото во повеќе делови.

Каротинот и витаминот А во исхраната, заедно со свежото овошје и зеленчук ќе ни помогнат во заштитата од негативните ефекти од изложување на светлината.

Ултравиолетовите лампи употребувајте ги само во случај ако немате никакви услови да излезете на сончева светлина. Сончевите лампи се опасни, мора да бидете премногу внимателни.

Дрвјата кои спречуваат сончевата светлина да влезе во домовите непходно е да се исечат бидејќи тие исто така ја спречуваат и слободната циркулација на воздух. Како последица на ова се собира влага во куќата. Особено во врнежливите сезони спалните соби се влажни и оние кои спијат во нив се обременети се ревматизам, невралгија и проблеми со белите дробови. Безбројните лисја на дрвјата ги спречуваат воздухот и сончевата светлина да навлезат во собите и со тоа атмосферата во собите е затруена. Градината е прекрасна кога е со дрвја и грмушки кои се на одредено растојание од куќата, и тие влијаат на задоволството на семејството и не се штетни по здравјето.

Собите кои не се изложени на сончева светлина и струење на воздухот се загадени. Креветите и постелнината собираат влага и атмосферата во овие соби е отровна, бидејќи не била прочистена со светлина и воздух. Безброј болести се донесени спиејќи во овие модерни, но штетни по здравјето апартмани. Собите за спиење, особено треба да бидат добро проветрувани и доволно изложени на светлина. Ролетните треба да бидат кренати и завесите тргнати по неколку часа секој ден. На тој начин ќе се прочисти атмосферата во која престојуваме.

Животот на отворено е добар за телото и умот. Тоа е Божја медицина за обновување на здравјето. Чист воздух, чиста вода, сончева светлина, убавините на природата која нѐ опкружува, сите тие се Божји план за обновување на здравјето на болните, исцелувајќи ги на природен начин. За болните тоа е повредно од сребро и злато, да се престојува во природа и да се ужива во благодетите кои Бог ни ги дал.

Ако на оние кои се добро им е потребен благословот од светлина и воздух, и е неопходно да развиваат навики на чистота со цел да останат здрави, болните се во уште поголема потреба за тоа со оглед на состојбата во која се наоѓаат. Ако дозволиме светлината и воздухот да влезат во нашите соби ќе видиме промена во психичкото и физичкото здравје на сите во домот. Чистиот воздух ќе има оживувачко влијание врз сите, и сонцето ќе помогне во очистување на бактериите и на сѐ што е штетно, и така семејството ќе стане посреќно и поздраво. Кога на сето ова би се додала и физичката активност, сето ова би им дало живот и сила на луѓето кои се на работ да станат инвалиди.

Сончевата светлина е еден од поголемите благослови кои ни се дадени од Бога. Секојдневно да уживаме во благодарност во благодетите за овој прекрасен подарок.

Pin It on Pinterest