Со цел да се одржиме во добра физичка, ментална и духовна состојба, ние мораме да бидеме умерени во однос на нештата кои се добри и да се воздржуваме од работите кои се штетни. Треба да бидеме умерени во работата, јадењето, пиењето како и во сѐ останато. Истовремено треба да се воздржуваме од сето она што е штетно по нашето здравје. Апостол Павле нѐ советува да бидеме умерени во сѐ. „Секој натпреварувач се воздржува од сè: тие – за да добијат распадлив венец, а ние – нераспадлив.“ (1-во Коринтјани 9:25; Библија)
За да се успее во ова мора да е вклучена самоконтролата.

Ова значи дека треба да го избегнуваме она што е штетно, да ги избегнуваме непотребните крајности и да бидеме умерени во уживањето на работите кои се добри и во склад со Божјата волја. Здравјето на телото, умот и духот е невозможно да се сочува без внимателно и умерено живеење. Дури и кога се храниме најздраво, може да добиеме премногу од добрите нешта. Премногу сонце може да резултира со изгореници, премногу вежбање може да предизвика прекумерна исцрпеност, итн.

Сенека рекол: „Човекот не умира, тој постепено се убива себеси.“ Повеќето скратени животи на луѓето, прерано згаснати, кои често ги гледаме околу нас можеле и да не се случат. Луѓето ги прекршуваат законите на здравјето, а законот на умереност е еден од најважните закони. Умереноста е нешто што малкумина ја вреднуваат како што треба. Сепак тоа е врската која што ги врзува сите други здравствени принципи.

Познатиот писател Вилјам Кулен Брајнат доживеал длабока старост. Кога го прашале за причината за неговото одлично здравје тој одговорил: „Сето тоа би го сумирал во еден збор: умереност.“ Самоконтролата мора да биде вежбана во нашите разговори, во нашата дневна исхрана, во нашите навики за работа, во нашата рекреација, во нашите патувања, времето за спиење и во нашето учење и работа. Низ животот, ние мора секогаш да бидеме на стража инаку ќе паднеме во неумереност. Ефектите од притисоците и повредите кои се нанесени во раните години, се откриваат во подоцнежните години. Живејте внимателно, а ако не го правите тоа, тогаш веднаш превземете нешто за да го решите тоа. Со Божја помош вие можете да живеете подобар живот. Кога ќе започнеме да живееме поздраво нашата среќа веднаш се подобрува.

Моќта на волјата да се направат потребните промени може да биде најдена само во Христа, со понизно потчинување на Него и внимателна послушност на Неговото вдахновено слово – Библијата. Волјата на нашиот небесен Татко е со Неговата помош да се учиме да бидеме послушни на Неговиот морален Закон – Десетте Божји заповеди, и да се учиме да ги почитуваме и физичките закони кои управуваат со нашето битие.

Следуваат некои штетни работи кои треба да се избегнуваат:

– Не употребувајте тутун во никаква форма, затоа што тоа е бавен но сигурен отров.

– Целосно избегнувајте ги алкохолните пијалоци.

– Држете се настрана од отровни материи и токсични лекови. Ова вклучува не само течности и материи, туку и гасови и испарувања.

– Бидете внимателни со супстанците кои предизвикуваат зависност и не посегнувајте по нив. Во оваа категорија е вклучен и кофеинот и производи кои содржат кофеин, бидејќи кофеинот е штетен по здравјето.

– Избегнувајте ги продуктите кои содржат вештачки шеќер како што се бонбоните, сладоледот, чоколадите, тортите, кроасаните, гумите за џвакање, итн.

– Библијата вели да не ја јадеме крвта, ниту маста од животното.

– Не употребувајте мрсна храна. Ова вклучува путер, маргарин и животниски масти. Секое масло кое е цврсто или полуцврсто на собна температура не треба да се конзумира. Пазете се од транс-мастите, ова се делумно хидрогенезирани масти кои се ставени во маргаринот и во многу други производи. Пример за ова е и путерот од кикирики купен како готов производ (не домашниот). Ќе забележите дека тој не содржи течно масло, туку масла во цврста форма. Сите масла се зацврстуваат со хидрогенизација во форма на маст. Хемиски таквата маст го има истиот ефект на телото како животнската маст.

– Месото во исхраната има тенденција да скапува во организмот. Ова се случува како последица на тоа што нашиот дигестивен систем е подолг од оној на кучињата, мачките и другите животни кои јадат месо.

– Не гответе, ниту јадете храна од алуминиум. Алуминиумските соли се отровни за телото.

– Избегнете ги производите кои се преработувани (како што е белото брашно, белиот ориз, белиот шеќер, белиот леб и сл.) Наместо тоа јадете ја храната непреработена: леб од брашно од цело зрно, кафеав (интегрален) ориз и сл.

– Пецивото и содата не треба да се употребуваат за готвење затоа што тие ја оштетуваат слузницата на органите за варење.

– Оцетот е силна киселина која не би требало да ја употребуваме како додаток во исхраната. Сокот од цеден лимон е совршена замена.

– Прејаките зачини му наштетуваат на желудникот, создаваат жед која тешко може да се задоволи со вода, може да доведе до зависност и е познато дека предизвикуваат болести. На пример, црниот бибер може да доведе до рак на цревата.

– Избегнувајте ги издувните гасови од автомобилите и чадот од цигарите. Издувните гасови содржат олово, а димот од цигарите има многу опасни хемикалии покрај никотинот.

– Држете се понастрана од спрејови за боење, бидејќи тие особено штетно влијаат на белите дробови.

– Хлорираната вода доведува до артериосклероза, а водата со флуор ги оштетува коските, забите и нервите.

– Немојте да јадете ниту да пиете нешто што е премногу жешко или премногу ладно. И двете го вознемируваат желудникот и го ослабуваат дигестивниот систем.

– Конзервансите и инсектицидите исто така се опасност. Најдобро е да се мијат свежите плодови пред да се јадат, со цел да се елиминираат што е можно повеќе од инсектицидите.

– Обидете се да ја избегнувате прееработената храна која има листа на конзерванси и адитиви на производот. Исто така и чоколадата во себе содржи штетни супстанци.

Тоа што е штетно треба да се избегнува; и многу од работите кои се добри треба да се употребуваат умерено. Одржувајте рамнотежа помеѓу одморот и вежбањето; ниту премногу ниту премалку да работите. Редовноста во распоредот на дневните рутини од животот во голема мера ќе помогне во одржувањето на добро здравје. Обидете се да имате одредено време за станување, утринско поминато време во проучување на Библијата, молитва, пиење на вода, оброк, попладневна молитва, семејно проучување, вечерна прошетка, време за спиење и сл. Воспоставувањето на едноставни рутини го поедноставува животот, го опушта умот и ни помага да работиме поуспешно.

Личната хигиена всушност е друг тип на умереност. Чистотата на телото, облеката, креветот и домот се исто така важни за добро здравје. Отворете ги прозорците и дозволете на чистиот воздух и сончевата светлина да влезат внатре. Водата е најдоброто средство за чистење познато на човештвото. Таа е дар од Бога. Одржувајте ја вашата средина чиста и вашиот живот ќе биде поисполнет.

Во тесна врска со чистотата е уредноста. Чувањето на работите уредно, делува позитивно на духот и на менталната ефикасност.

– Тесната облека може да предизвика болести на органите.

– Немојте да носите облека која не ги покрива рамената. Носете облека што нема да предизвика ладење на рацете и нозете.

– Одбијте да живеете живот на загриженост и вознемиреност. Грижите ги истрошуваат животните сили. Ако не можете да ги решите за пет минути, предајте Му ги на Бога во молитва, а потоа заборавете на нив. Подоцна ќе ви дојде на ум решение за нив.

– Како и сѐ што има свое време, така и вашиот ум треба да има време за работа и време за одмор. Опуштете се и одморете се. Пред сѐ одржувајте го расположението и држете се блиску до Бога и Библијата. Не дозволувајте ништо да ве одржува постојано депресивни или аноксиозни. Луѓето кои се расположени, весели и релаксирани секогаш се поздрави и имаат подолг, посреќен живот отколку оние кои не се.

Ведар, опуштен, без грижи став, доверба во Бога, молитва и посветено проучување на Библијата, умереност во животните навики, употребата на осумте природни лекари, избегнувањето на зависните и отровни  супстанци, обидот да се биде благослов и да им се помогне на оние околу нас (без оглед дали другите го ценат тоа) – е формула за среќен, задоволен, вреден и долг живот.

Прекрасниот механизам на човечкото тело не добива ниту половина грижа од грижата која ја имаме за нашите автомобили. Неопходно е да се бдее над одржување на здравјето, а исто и над одржување на карактерот.

Телото кое го поседуваме не е наше туку на Бога, а нам ни е дадено да го чуваме. Нашето тело и сите наши способности припаѓаат на Бога. Тој се грижи за нас секој момент, тој ја одржува машинеријата на телото во живот, и ако сме оставени сами на себе да ја одржуваме оваа машинерија само за момент ние би умреле. Ние сме целосно зависни од Бога. Затоа наша должност е да ги проучуваме законите кои управуваат со нашето битие и да ги спроведуваме. Спротивно на тоа, кога си наштетуваме на себеси преку неумереноста, ние всушност првиме грев.

Ние мораме да бидеме свесни за нашата физичка структура. Можеби се воодушевуваме на Божјите дела во природата, но најневеројатно создание од сите е токму човекот и начинот на кој тој е создаден да функционира.

Незаинтересираноста и непримената на здравствените принципи довеле многумина до гроб, а можеле подолго да живеат ако практикувале умереност и му дале на телото она што му е неопходно.

Доколку луѓето ги увидат и разберат последиците од неумереноста и почнат да практикуваат умереност како и други здравствени навики, тие одат во насока која ќе им обезбеди здравје и смртноста знчително би се намалила.

Секој човек треба да разбере како функционира неговиот систем. Божјиот Закон е запишан со Неговиот прст над секој нерв, секој мускул, над сѐ што е доверено на човекот.

Прекршувањето на физичките закони е прекршување на Божјите Закони. Нашиот Создател е автор на нашето битие. Тој е автор на физичките закони исто како што е автор и на моралниот Закон. И човекот кој е невнимателен и несовесен во навиките и практиките кои се однесуваат на физичкиот живот и здравјето, греши против Бога. Повредата на физичките закони значи повреда на Бога. Здравјето, силата и среќата зависат од почитување на природните закони кои Бог ги воспоставил. Правилото гласи: Што ќе посееш тоа и ќе ожнееш. Затоа ни е неопходно тренирање на умот и изградување на карактерот.

Должност на секој човек за негово добро и за доброто на човештвото е да се информира за законите за здрав живот и совесно да се придржува до нив. Должност на секоја личност е да се информира во однос на болестите и нивните причинители. Истовремено треба да ја проучуваме Библијата со цел да ги разбереме вредностите кои Бог ги става на човекот за кого Христос платил највисока цена. Мораме да ги усогласиме нашите навики така што секоја активност да биде во согласност со совршениот Божји Закон. Пркршувањето на физичките закони е прекршување на Божјиот Закон.

Секој закон кој управува со човечката машина треба да се смета за боженствен, и секоја невнимателна активност, секоја злоупотреба над овој прекрасен механизам, со непочитуање на Неговите закони, преку човечките навики, е прекршување на Божјиот Закон. Законот е неопходно да го опфати целото битие со цел да го сочува во живот и здравје.

Наша прва должност која Му ја должиме на Бога, на себеси, но и на ближните е да ги почитуваме Божјите заповеди, вклучувајќи ги и законите за здравјето.

Уништувањето на сопственото тело со неумереност е еднакво на прекршување на заповедта која гласи: „Не убивај.“ (Излез 20:13; Библија) Освен тоа, последиците од неумереноста секако нема да можеме да ги избегнеме. Голем дел од нашите страдања или благодети зависат од нашата непослушност или послушност на природните закони. Прекршувањето на природните закони кои Бог ни ги дал, најмногу се однесува на умереноста, која всушност значи ограничено конзумирање/практикување на она што е добро и целосно воздржување од она што е штетно. Сѐ што е во конфликт со природните закони предизвикува болна состојба на нашето битие. Болеста се предизвикува со прекршување на законите за здравјето.

Моралните закони слабеат бидејќи луѓето не живеат во послушност на законите на здравјето и не го сфаќаат тоа како нивна одговорност.

Било кој вид на неумереност е прекршување на законот на нашето битие. Здравјето е големо богатство. Тоа е најголемото богатство кое еден смртник може да го има. Богатството, честа, кариерата се скапа придобивка, прескапа, ако е по цена на здравјето. Ниту едно од овие достигнувања не може да обезбеди среќа ако е по цена на здравјето. Здравјето треба да биде негувано исто како и карактерот. Здравјето може лесно да се изгуби и треба време за да се поврати.

Прекумерното јадење на дури и најдобрата храна предизвикува морбидна состојба на моралните чувства. Погрешните навики на јадење и пиење водат до грешки во мислите и делата. Попуштањето на апетитот ги зајакнува животинските склоности давајќи им надмоќ над менталната и духовната моќ. Сѐ што е во конфликт со природниот закон создава болна состојба.

Основата на секоја реформа која е трајна е Божјиот Закон. Неопходно е да го почитуваме овој закон. Принципите мора да ни се поважни од мислењето на луѓето. Тие се вечни и незапирливи како што е и Самиот Бог. Она што најразорно може да влијае на нашите животи е губење на самоконтролата. Колку поумерена исхрана, толку полесно се контролира страста.

Доколку не се грижиме за живата машинерија која Бог ни ја дал, тоа би значело дека не ја вреднуваме доволно и тоа е навреда за Создателот. Тој ни дал боженствени правила, кои ако бидат правилно употребувани, ќе ги сочуваат човечките суштества од болести и предвремена смрт.

„Возљубени, ве молам: како туѓинци и придојденици да се воздржувате од телесните желби, зашто тие војуваат против душата.“ (1-во Петрово 2:11; Библија)

Неправилноста во јадењето, пиењето и несоодветното облекување, го обзема умот и го изопачува срцето, и благородните атрибути на духот ги доведува во ропство на животинските страсти.

Секој орган на телото е создаден да биде слуга на умот. Мозокот е центарот на телото, седиште на сите нервни сили и ментални активности. Нервите кои се движат од мозокот го контролираат телото. Од мозочните нерви, менталните импресии се пренесуваат до сите нерви на телото како преку телеграфски жици и тие ги контролираат виталните активности во секој дел од системот. Сите органи за движење се управувани од страна на комуникациите (врските) што ги добиваат преку мозокот. Мозочните нерви кои комуницираат со целиот нервен систем се единствениот медиум преку кој Небесата може да комуницира со човекот и да влијае до најголемите длабочини во неговиот живот. Сѐ што го попречува протокот на електрицитетот во нервниот систем, ја ослабнува силата на виталните функции, а резултатот е заморена состојба на умот. Смирениот, бистар ум и стабилните нерви зависат од добро избалансираната циркулација на крвта.

Секоја погрешна навика која го оштетува здравјето на телото има ефекти на умот. Мозкот е тврдината на целиот човек, и погрешните навики на јадење, облекување, спиење и сл. влијаат на мозокот, и го спечуваат човекот во она што тој го сака – добра ментална дисциплина.

Секој дел од телото на кој не се внимава ќе прати порака за својата повреда до мозокот. Не е возможно мозокот да ја заврши својата работа најдобро кога силата на дигестивниот систем е злоупотребена. Многумина набрзина јадат најразлична храна со што настанува војна во стомакот, и ова го збунува мозокот. За време на оброкот отфрлете ги грижите и вознемирувачките мисли. Не брзајте туку јадете полека и со ведар дух, со срце исполнето со благодарност кон Бога и кон Неговите благослови. И не го активирајте мозокот веднаш по оброкот да работи. Дајте му време на стомакот да почне да работи.

Оние кои се искушувани мораат да ја разберат вистинската сила на волјата. Ова е водечка сила  во природата на човекот – силата на донесување на одлуки, на можноста да се направи вистинскиот избор. Копнежите за чистота и исправност не вредат ништо ако остaнат само копнежи. Ние не можеме самите да се направиме чисти, но можеме да одлучиме да се предадеме на Бога и да ја исполнуваме Неговата волја. Многумина одат во пропаст додека самите се трудат да ги надминат нивните лоши навики. За секоја радикална промена потребна ни е помош од Бог. На жалост, многумина не ја предаваат својата волја на Бог и не одлучуваат да Му служат.

Pin It on Pinterest