(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)

Во еден експеримент, користењето на тест доза од 250мг (имајте на ум дека само една шолја кафе содржи 100-160мг) кофеин, се зголемила активноста на ренинот од плазмата за 57%, на норепнефринот од плазмата за 75% и на епинефринот од плазмата за 207%.(22) Овие супстанци претставуваат бубрежен хормон, мозочен хормон и хормон на надбубрежната жлезда. Меѓусебното дејство на сите овие хормони произведува поволна состојба за зголемено производство на масти во крвта, и сето тоа со пиење на само една шолја кафе.(23) Хронични болести често добиваат оние кои користат кафе, цигари или и двете, (24) несомнено поради оптоварување на телото предизвикано од хормонални промени, кои се одигруваат помалку или повеќе неприметно од страна на лица кои пијат кафе со уживање. Утврдено е дека пациентите со акутен инфаркт на миокардот пиеле значајно повеќе кафе во однос на контролната група чија потрошувачка на кафе била далеку помала.(25,26)

Истражувачите ја утврдиле врската помеѓу употребата на две или повеќе шолји кафе дневно и покаченото ниво на холестерол. Осум или повеќе шолји кафе дневно може да предизвикаат нервоза, страв, мачнина и вознемиреност кај пациентите кои патат од психички пореметувања (паника). Третото истражување покажало дека пиењето на пет или повеќе шолји кафе на ден го зголемува ризикот од срцеви проблеми за 2,8 пати.(27,28,29)

Поради порано споменатите длабоки промени секако не изгледа чудно што кофеинот го зголемува нивото на катехоламините, хемикалии кои се формираат во мозокот кога тој е под стрес. Катехоламините ја менуваат способноста на крвта да се згрутчува, што претставува значаен фактор кај срцевите удари. Катехоламините го зголемуваат крвниот притисок, го пореметуваат сонот и го зголемуваат нивото на масти во крвта. Тие фактори допринесуваат за погрешно и искривено размислување кое се јавува под влијание на кофеинот, а секако е меѓу причините за замор.

Во едно истражување, примероците од урина, три часа по внесот на кофеин, содржеле значаен вишок на калциум, хлорид, натриум и магнезиум.(30) Губитокот на овие минерали ги погодува коските, мускулите, кожата, крвта – практично сите телесни ткива. Акумулаторниот ефект на овој губиток, шолја по шолја, ден по ден, може да предизвика долгорочно или трајно оштетување на човековиот организам, што претставува цена на негување на навика која бара многу адитиви за да биде вкусна.


  1. New England Journal of Medicine 298(4):181-186, January 26, 1978.
  2. Science News 89:375, May 14, 1966.
  3. Journal of the American Medical Association 228:160, April 8, 1974.
  4. Lancet 2:1278, December 16, 1972.
  5. Science News July 28, 1973.
  6. Science News 127: 173, 1985.
  7. Ibid. 127:199, 1985.
  8. Ibid. 128:327, 1985.
  9. Nutrition Research 5:1281-1284, 1985.

Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“

Посакуваше смрт
Метилксантин – името на непријателот
Кофеин
Хемиски реакции, токсичност и болестиПравецот на Титаник
Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
Кофеинот и ракот
Породување и кофеин
Остеопороза и кофеин
Кафе без кофеин
Болест на дојката и хипертрофија на простатата
Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
Контаминенти во чоколадото
Пиење на црн чај
Како да престанете со користење на темни пијалоци

Pin It on Pinterest