(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)

Се смета дека повеќе од 90% на случаи на рак би можеле да се спречат ако го применуваме она што веќе го знаеме во поглед на превенцијата на рак. Со децении употребата на тутун е поврзана со развојот на рак. Употребата за алкохолот е поврзана со одредени видови на рак. Покажано е дека многу лекови можат да допринесат во настанувањето на ракот. Сега постојат барем исто толку докази кои укажуваат и на тоа дека кофеинот исто така може да предизвика рак.

Веќе најмалку две децении се знае дека кофеинот е мутаген и дека ги оштетува хромозомите. Поради ваквото делување на кофеинот тој е крајно непосакуван за многу млади лица или за лица кои сеуште можат да раѓаат деца. Секако штом ќе помине времето на раѓање деца, се влегува во времето на рак. Според тоа, мораме да се соочиме со фактот дека, всушност, во животот на човекот нема период во кој е безбедно да се користи кофеин. Еквивалент на 8 шолји кафе или 11 шолји црн чај значајно ја зголемува стапката на митоза (делба на клетката) на човековите лимфоцити, (41) и многу порано пред лабораториската опрема да може да го утврди тоа со лабораториски мерења, лимфоцитите чувствувале благи ефекти.

Таквата митоза претставува трајна, абнормална промена во клетките, која ако се јави кај неродено дете, може да предизвика вродени мани. Не е случајно што гледаме експлозија на вродени грешки на метаболизмот кај новородени бебиња.

Поврзаноста на кафето со ракот на мочниот меур кај жените не се разликувала без оглед на тоа дали е користено кафе без кофеин, со кофеин, обично или инстант и без обзир дали е направено јако или слабо кафе.(42) Ризикот од рак на мочниот меур по истражувањата е нешто помал за мажите во однос на жените.(43)

Бидејќи ракот е предизвикан од измена во хромозомите и јадрената структура на клетките, и бидејќи е познато дека кофеинот ги оштетува хромозомите, изгледа разумно, чисто во теоретски основи, да се смета дека кофеинот има улога во предизвикувањето на рак во популационите истражувања на цели држави, што не е само теоретско.

Покрај директното оштетување на клетките, изгледа дека се неопходни и други фактори пред да може да дојде до развој на ракот. Изгледа дека се потребни и вирус или вродена подложност. Вирусот на рак веројатно престојува во животните кои ни се домашни миленици или кои ги користиме за храна, а изгледа дека вродената подложност настанува поради некои слабости во генетската структура на личноста. Пример за вродена слабост би бил бледа кожа и сини очи како фактор за подложност за добивање на рак на кожа. Слично на тоа, изгледа дека некои лица се поподложни на рак на белите дробови поради пушење. Винските мушички, како и клетките на човекот и глушецот кои се одгледуваат во култури, изразуваат неспособност да ги поправат оштетувањата на хромозомите кога ќе се изложат на кофеин.

Сите веројатно знаеме некој кој уживал одредена лоша навика целиот живот без видливи големи штетни ефекти. Всушност, некои од овие „преживеани’ дури ја препишуваат и својата долговечност на оваа своја лоша навика. Сите сме ја слушнале досетката од старецот, кога го прашуваат за тајната не неговиот долг живот: „Пијам 200гр бренди на ден“, или „Пушам цигари што ги правам со рака“, или „Секогаш го пијам своето кафе црно“. Но тие всушност само преживеале. Па сепак, колку сме спремни да го прифатиме овој совет како мудар и проверен како изговор за да продолжиме со своите лоши навики. Кога весниците од Сан Франциско би објавиле наслов кој гласи: „Човекот во костум на супермен преживеал скок од мостот Golden Gate“, колку луѓе би излегле, би изнајмиле костим на супермен, и би скокнале од мостот мислејќи дека пронашле тајна за безбеден скок со голема висина и разладување во водата во жешкиот летен ден? Во право сте, навистина мал број. Шансите во секој случај, без разлика дали се работи за мост, кофеин, никотин или алкохол, се против човековиот род. Застрашувачки е да се помисли дека таквата раширена навика како што е употребата на кофеин најверојатно го слабее целокупниот човеков род и допринесува до траен губиток на одредени способности на умот или отпорност на болести преку оштетувања на хромозомите кон мутаци. Оваа вообичаена и навистина пријатна навика може да се окаркатеризира како вид на геноцид! Можно е склоноста, постарите жени да имаат поголем процент на деца со Даунов синдром во однос на младите, да е поврзана со подолгиот период на повторни изложувања на мутагени како што е кофеинот. Некои истражувачи сметаат дека бидејќи кофеинот кај неродените деца предизвикува некои од истите ефекти како и зрачењето, изгледа разумно да се припише дел од оштетувањата и од спонтаните абортуси на употреба на кофеинот.


  1. Lancet 2:212, July 24, 1971.
  2. Journal of the National Cancer Institute, 54:587, March, 1975.
  3. Lancet 1:1335, 1971.

Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“

Посакуваше смрт
Метилксантин – името на непријателот
Кофеин
Хемиски реакции, токсичност и болестиПравецот на Титаник
Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
Кофеинот и ракот
Породување и кофеин
Остеопороза и кофеин
Кафе без кофеин
Болест на дојката и хипертрофија на простатата
Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
Контаминенти во чоколадото
Пиење на црн чај
Како да престанете со користење на темни пијалоци

Pin It on Pinterest