(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)

Пилот на приватен авион се онесвестил на крајот од летот кој започнал во текот на претпладнето, по напорана партија голф претходниот ден во близина на градот во пустината. Пиел големи количини на пиво вечерта пред летот и две шолји кафе непосредено пред полетувањето. Бидејќи секоја од овие активности има или дехидратативен или диуретички ефект, се заклучило дека до онесвестување на  пилотот дошло поради акутна дехидратација. Единствениот лек кој му бил потребен било пиење на 8-10 чаши вода во текот на наредните 30-60 минути. Состојбата на хронична дехидратација изгледа често се јавува кај корисниците на темни пијалоци. Тое е секако еден од најчестите причинители на замор и слабост. Иако самите корисници на темните пијалоци веруваат дека се добро хидрирани бидејќи непрестано пијат, тие всушност губат течности поради диуретичкиот ефект на тие пијалоци, и крајниот резултат е дехидратација. На личноста всушнот и недостасува течност, и таа тоа го чувствува!

Пиење на 4-6 чаши црн чај дневно може да предизвика недостаток на витамини, особено на витамин Б1. Исто така е познато дека употребата на пијалоци со кофеин ја зголемува потребата за витамин Б12. Заморот, нервозата и губитокот на апетит претставуваат симптоми на недостаток на витамин Б1. Утврдено е дека кај испитаниците количината на витамин Б1 во крвта се намалува една недела по пиење на црн чај за кој е познато дека иреверзибилно го врзува витаминот, и може да биде виновникот. (59) Исто така е познато дека танинот ја попречува апсорпцијата на железото.

Сите  метилксантини може да предизвикаат гушавост и да го зголемат делувањето на соединенијата за кои е познато дека предизвикуваат гушавост. Теофилинот е најактивниот во тој поглед. Иако сите намирници и производи кои содржат метилксантин можат да предизвикаат гушавост, ова соединение е најштетно, а чајот содржи најголема количина на теофилин од сите темни пијалоци. (60)


  1. Science News 109:296, May 8, 1976.
  2. Endocrinology, Volume 85, September, 1961, p. 410.

Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“

Посакуваше смрт
Метилксантин – името на непријателот
Кофеин
Хемиски реакции, токсичност и болестиПравецот на Титаник
Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
Кофеинот и ракот
Породување и кофеин
Остеопороза и кофеин
Кафе без кофеин
Болест на дојката и хипертрофија на простатата
Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
Контаминенти во чоколадото
Пиење на црн чај
Како да престанете со користење на темни пијалоци

Pin It on Pinterest