(оваа статија е дел од серијалот Отров со големо „К“)

Оние кои користат темни пијалоци се на правецот на Титаник кон Ѓаволската санта лед. Симптомите вообичаено почнуваат да се појавуваат дури откако доволно штета е направена „под површината“. Но, вреди да се издвои време и напор за да се истражат скриените проблеми на темните пијалоци. Со години слушавме како кафето „ги отвара очите“, но сега навистина сакаме да ви ги отвориме очите во врска со опасностите кои доаѓаат од вашата шолја. Покрај големиот број на други штетни дејства, метилксантините исто така предизвикуваат зголемено наталожување на цикличниот АМФ (аденозин-монофосфат) во телесните клетки, супстанца која е неопходна за производство на енергија во телото. Доаѓа до „зголемено излачување (на цикличен АМФ) во јејунумот (вториот дел на тенкото црево) кое трае најмалку 15 минути по внесот на кофеин во количини кои се блиски до количините во темните пијалоци или во лековите. Основната (базна) апсорпција во јејунумот е 0,5мл секрет по центиметар на јејунум на час. Стапката на апсорпција се зголемува со земање на шолја топло чоколадо или кафе, така што излачувањето се зголемува на 6мл по центиметар на јејунум на час! Тоа е 12 кратно зголемување. Кофеинот исто така го пореметува излачувањето во илеумот (последниот дел на тенкото црево). Можно е излачувањето во тенкото црено предизвикано од метилксантинот да игра улога во симптомите кои се јавуваат кај некои пациенти со функционална дијареа. (3)

Со други зборови…

…кога некој пие црн чај, кафе, кока кола или чоколадо, целокупното тенко црево може 1200% поефикасно да ја апсорбира оваа супстанца наречена АМФ, која произведува енергија. Повеќето луѓе би помислиле дека тоа звучи одлично, но тоа изгледа како да ставате топчиња со нафталин во резервоар со бензин. Можеби накратко ќе добиете далеку повеќе енергија, но набрзо ќе го упропаситте моторот. Сосема е нормално да не сакате на колата да ѝ нанесете таква штета чија поправка ќе чини многу. Но колку сте спремни да платите за својот срцев удар или за обид за отстранување на рак?

Кофеинот е класифициран како една од најпопуларните супстанци која влијае на свеста денес во САД, заедно со никотинот и алкохолот. Многу луѓе се чувствуваат помалку будни, помалку задоволни, поспани и раздразливи кога се во фаза на одвикнување од кофеин. Во кафето се наоѓаат најмалку 100 штетни хемиски состојки вклучувајќи го ацеталдехидот, оцетна киселина, амонијак, јаглерод-дисулфид, катехол, етанол, метанол, нафталин, фенол, и водород сулфид, кои се комбинираат правејќи од вашето тело несвесен и можеби неволен аптекар.

Кофеинот ги стимулира сите делови на кората на мозокот. Смртоносната доза е 10 грама, што претставува количина која се наоѓа во околу 70 шолји кафе. Многу луѓе секој ден земаат 1/10 смртоносна доза а дури и во една шолја кафе дневно се наоѓаат супстанци кои сериозно го менуваат телото. Жените кои пијат само една шолја кафе на ден се изложени на скоро три пати поголем ризик од добивање рак на мочниот меур во однос на жените кои не пијат кафе. Кај тринаесет од четиринаесет жени кои пиеле седум или повеќе шолји на кафе дневно во текот на бременоста, се докажале спонтани абортуси, фетална смрт или мртвородени бебиња.(4) Зголемениот ризик се јавува и кај мажите. Кофеинот брзо и потполно се апсорбира од гастроинтестиналниот тракт и минува низ централниот нервен систем, со просечно време на полураспаѓање од 3,5 до 4 часа. Времето на полураспаѓање претставува време кое е потребно за телото да ослободи половина од отровите или лекот. Дури и кога одбранбените механизми на телото ја разложуваат супстанцата, оштетувањето не е сопрено бидејќи продуктите на разложување на кофеинот исто така се отровни. Тие го попречуваат ензимот кој го претвара аденозин-монофосфатот, неопходна хемикалија во телесниот енергетски циклус, која резултира со намалување на енергијата. Личноста тогаш е нервозна. Така што во суштина кофеинот има ефект на тобоган врз несвесната жртва – прво се јавува ефтин стимулирачки ефект како резултат на апсорпцијата на цикличниот АМФ предизвикан од кофеинот, а потоа резултира со спуштање кога продуктите на разложување на кофеинот го бликираат производството на енергија во телото.

Тобоганот продолжува со паѓањето на нивото на калциум, а фосфорот расте по разложувањето на кофеинот. Сега и пореметената рамнотежа на хранливите состојки се придружува на останатите проблеми, предизвикувајќи ментални проблеми како што е депресијата. Немирноста и неспособноста на личноста да се концентрира се други симптоми кои се јавуваат само неколку часа по престанокот на внесот на кофеин. Иако е кажано дека кофеинот ја зголемува концентрацијата, тоа е само привремено. Вкупниот ефект е намалување на способноста за концентрирање поради попречувањето на мозокот и телесните енергетски системи и краткото траење на стимулаторниот ефект.(5) Долгорочното памтење е пореметено за одредени податоци и настани, а работната способност и професионалниот напредок не се толку добри кога лицето пие кафе како кај оние кои не пијат.(6)

Спортистите често користат кофеин за да ја подобрат употребата на масти како гориво за долготрајна мускулна активност штедејќи на тој начин шеќер кој може да се користи за нагли експлозивни додатни активности, или барем е така во теоријата. Но, доволно е малку да се претера со кофеинот и тој ја попречува способноста, доведува до нервоза, губиток на течности и зголемен ризик од други емоционални проблеми.(7) Кофеинот е хемикалија без вкус, и претставува состојка од пониските билки, вклучувајќи го и кафето, црниот чај, семките од кола, како и матеа??? Некои таблети против болка содржат аспирин и 15 до 30мг кофеин. Одредени препарати за одржување на будноста содржат и до 110мг кофеин по таблета.(8)

Кофеинот делува како директен стимулант на срцевиот мускул. Со директното делување ги опушта бронхиите. Има диуретско делување (го зголемува протокот на урината) со пореметување на функцијата на бубрежните цевчиња и директно предизвикува ширење на крвните садови на кожата, особено на носот, со директно делување на артериолите. Кога ќе дојде до срцето, за жал, наместо ширење, предизвикува стеснување на артериите, што е навистина непосакувана ситуација. Кофеинот го стимулира продолжениот мозок, погодувајќи го центарот за дишење.(9) Исто така го зголемува оптоварувањето на срцето, убрзувајќи ја стапката на работа и зголемувајќи го крвниот притисок- истовремено намалувајќи ја исхраната на срцето со крв, и отежнувајќи ја работата на срцето.

Дејството на кофеинот на клетките на панкреасот исто така го влошува дијабетесот.(10) Кофеинот влијае на тестот на толеранција на гликоза, особено во текот на бременоста.(11) Може да се смета за фактор на ризик за појава на дијабетес.(12) Кофеинот предизвикува додатни отчукувања на срцето и ја зголемува стапката на срцевата работа. Го зголемува крвниот притисок, го пореметува сонот и го зголемува нивото на слободни масни киселини во крвта.(13) Хлорогената киселина во кафето предизвикува најинтензивни алергии на храна на кои се наидува во медицинската пракса.(14) Постојат податоци дека задржувањето на течности е спореден ефект на кофеинот. Една пациентка 10 години имала проблем со задржување на течности, кој веднаш исчезнал кога престанала да пие кафе. Во рок од пет дена не извести дека со години не се чувствувала поопуштено и дека нејзиниот проблем со задржување на течности исчезнал.(15) Кафето предизвикува вртоглавица, нестабилност во нозете, депресија, нервоза, раздразливост, проблеми со циркулацијата, рак на мочниот меур и јајниците, пореметување при раѓањето и чир на желудник.(16,17,18,19) Употребата на пијалоци со кофеин и лекови за настинки и главоболки кои содржат кофеин е исто така поврзана со развојот на предменструалниот синдром, според истражувањето на 295 студентки на Бостонскиот колеџ.(20) Лицата кои пијат кафе, во споредба со оние кои не пијат, имаат поголем процент на случаи на вишок килограми, користат повеќе алкохол и пушат повеќе цигари, и имаат понизок работен статус.(21)

Кафето е главниот извор на кофеин кој денес се користи во светот. Кофеинот се наоѓа во кока кола, црниот чај, и чоколадото. Организацијата Café Mundial контролира 59% од 4,5 милијари долари годишна трговија со кафе, втората најголема суровина во светската трговија (веднаш по нафтата). Нејзината продажба го објаснува фактот како овој пијалок штетно делува по здравјето и продолжува во голема мера да допринесува за сложените болести во оваа земја (Америка). Остварениот приход ни приближно не ги покрива трошоците за лекување на болестите кои ги предзивикува кафето.


  1. Gastroenterology 71:738-742, 1976.
  2. Medical World News, Jan 26, 1976, p. 63-73.
  3. Journal of the American Medical Association 7 1:240, Sept. 1977.
  4. Internal Medicine News, April 14, 1984.
  5. The Physician and Sportsmedicine 13(5):191, 1985.
  6. FDA Fact Sheet, July 1971.
  7. Pharmacology Notes, 1953.
  8. Medical World News, Feb. 19, 1965, p. 33.
  9. Diabetes Outlook, March 1969.
  10. Hospital Tribune Dec. 16, 1968 p. 2.
  11. Journal of the American Medical Association 231:965, March 3, 1975.
  12. Journal of the American Medical Association Feb. 1, 1964.
  13. Journal of the American Medical Association Oct. 25, 1971, 218:596.
  14. Journal of Abnormal Psychology 93(1):120-122, 1984.
  15. Journal of the American Cancer Institute 68(1): 191, Jan. 82.
  16. International Journal of Cancer 28:691-693, 1981.
  17. Journal of Nutrition 112:29-32 Apr. 82.
  18. American Journal of Public Health 75:1334-1337, 1985.
  19. American Journal of Cardiology 52:1238-42, 1983.

Следуваат сите статии од серијалот Отров со големо „К“

Посакуваше смрт
Метилксантин – името на непријателот
Кофеин
Хемиски реакции, токсичност и болестиПравецот на Титаник
Ефекти на кофеинот врз срцето и крвниот систем
Ментални симптоми поврзани со употребата на кофеин
Кофеинот и ракот
Породување и кофеин
Остеопороза и кофеин
Кафе без кофеин
Болест на дојката и хипертрофија на простатата
Отфрлање на чоколадото како хранлива намирница
Својствени хемиски карактеристики на чоколадото
Адитиви кои мора да се додадат за да се затскрие горчливоста
Контаминенти во чоколадото
Пиење на црн чај
Како да престанете со користење на темни пијалоци

Pin It on Pinterest