Пол Харви, радио спикер и колумнист, во неговата пладневна ABC радио програма, на 27-ми септември, 1997-ма година, го изјавил следново, поврзано со Елена Вајт: „Нејзините списи се преведени на 148 јазици. Повеќе од Маркс или Толстој, повеќе од Агата Кристи, повеќе од Вилијам Шекспир. Дури сега светот почнува да ги цени нејзините препорачани совети за оптимално духовно и физичко здравје. Елена Вајт! Не знаете за нејзе? Запознајте ја!“ Која била Елена Вајт? Кои се коментарите на нејзините современици за нејзината личност и дело? Кое било политичкото и социјално опкружување во времето кога делувала? Какво било нејзиното религиозно искуство? Каде било нејзиното место после Големото разочарување од 1844-та година? Дали ќе има уште пророци после Исус? Кои се 10-те Библиски тестови за вистински пророк? Дали Елена Вајт ги положила сите нив? Дали за време на добивањето на своите пророчки визии, се случувало нешто надприродно и спектакуларно со Елена Вајт? Дали напишала предвидувања за специфични настани кои се случиле, многу порано пред да се случат? Кој бил изворот на мудрост на Елена Вајт во областите на медицината, нутриционизмот, психологијата, воспитувањето, општествените токови… кое што било знаење пред своето време? На што се должи чудото што немала завршено ни четврто одделение, а сепак од нејзиното перо излегле околу 100.000 страници, на најразлични теми, кои се релевантни до ден денес и кои се толку многу ценети од милиони луѓе?

Pin It on Pinterest